Балканските и Првата светска војна – тема на романот „Битолски триод“

Балканските и Првата светска војна – тема на романот „Битолски триод“

Издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје во едицијата „Современа македонска проза“ го објави романот „Битолски триод“ од писателот Владимир Костов.

– Авторот ја обработува темата на Балканските војни и Првата светска војна, во кои беа регрутирани над 100.000 илјади Македонци, кои се бореа и гинеа за туѓи цели. Посебен акцент става на двегодишните бомбардирања на артирелијата на Сојузничките сили на градот Битола, со употреба и на бојни отрови, при што беше десеткувано населението и беа разурнати многу станбени згради, меѓу кои и ретки монументални градби на познатиот Широк Сокак, соопшти издавачот.

Во рецензијата за книгата, писателот Раде Силјан наведува дека во „Битолски триод“ „се е ставено во конкретна и препознатлива епска рамка и како на широко филмско платно е отсликана трагичната судбина и крвава делба на македонскиот народ“.

Поврзани вести

„Градиме нови генерации“ – мото на јубилејни... Со дваесеттина настани, преку 40 учесници и петдневна програма под мотото „Градиме нови генерации“, денеска во Струга почнува јубилејното 5. издание н...
Скопје кандидат за „Европска престолнина на култур... Со изложби на фотографии и инсталации, како и со проекција на документарен филм, вечер во Младинскиот културен центар почнува проектот „Европска прест...
Почнува „Крушево етно град 2017“... Со формирање Поворка во Домот на културата во Крушево, вечер почнува годинашната манифестација „Крушево етно град“. Официјалното отворање ќе биде ...
Книжевен разговор со писателката Наида Мујкиќ... Издавачката куќа „Готен“ во соработка со Здружението за култура и развој на креативните индустрии „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ од Струмица, денеска организра книжев...
Предавања и изложби по повод Светскиот ден на архе... По повод одбележување на светскиот ден на археологијата, Институтот за археолошки истражувања - Скопје ќе огранизира настан во НУ Археолошки музеј на ...
Тозија доаѓа на чело на најбогатата културна инсти... Во подготовката е менаџерска промена во најзначајната институција за домашната кинематографија- Агенцијата за филм, за која ќе се одлучува на следната...