Еврогрупата денеска ќе дискутира за Грција, но не се очекува договор

Еврогрупата денеска ќе дискутира за Грција, но не се очекува договор

Министрите за финансии од Еврозоната денеска ќе се состанат во Брисел за да разговараат за проблемот со Грција, но на средбата не се очекува да биде постигната конкретен договор.

Во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум изјави дека брзото завршување на започнатиот преглед на грчката спасувачка програма тешко ќе биде постигнато.

Тој додаде дека не верува оти институциите ќе го финализираат тој преглед пред седницата на Еврогрупата на Малта во април.

Грција и нејзините меѓународни кредитори се уште имаат несогласувања за три клучни теми, социјалното осигурување, реформа на пазарот на трудот и енергетиката.

Атина првично се надеваше дека спогодбата со кредиторите е можна до 20 март. Сега очекувањата се таа да биде постигната на 7 април. Пред повеќе од една недела тимовите на кредиторите отпатуваа од Грција поради несостиг на согласност.

Оценката на грчката програма од страна на кредиторите е неопходна за да може Грција да ги добива траншите од заемот, во спротивно земјата нема да може да го враќа државниот долг.

Грција доби три спасувачки програми од пакетот од меѓународните кредитори од 2010 година досега. Последната спогодба за кредит е со вкупна вредност од 86 милијарди евра и таа беше договорена во јули минатата година. Од таа сума досега се усвоени 31,7 милијарди.

Во замена грчката Влада ги зголеми даноците и ги намали пензиите и платите. Сега целта на Атина е да договори нова спогодба со кредиторите без ангажмани за повеќе мерки на штедење.

Поврзани вести

Мисалјовски на средби со Туркиш ерлајнс и ТАВ за а... Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој претстојува во работна посета во Турција, денеска во Истанбул имал средби со Билал Екси, генерал...
Што пишува во Декларацијата за заедничкиот јазик н... Јутарњи лист - Загреб Во Сараево денеска ќе биде претставена Декларацијата за заедничкиот јазик, документ кој, како што можеше да се очекува, ги во...
Истекува рокот за доставување податоци од фирмите ... До 31 март правните лица регистрирани за трговија и преработка на земјоделски производи треба да ги достават податоците за планираниот откуп оваа годи...
Боздаг: Приведувањето на турскиот банкар Мехмет Ха... Приведувањето на турскиот банкар Мехмет Хакан Атила, заменик генерален менаџер на турската „Халкбанка“, заради повеќегодишно кршење на американските с...
МФ: Демантираме дека долгот на државата надминал 5... „Министерството за финансии ја демантира информацијата која ја пренесуваат некои од медиумите од една интернет страница дека долгот на државата надмин...
Турција објави успешен крај на операцијата „Еуфрат... Турскиот премиер Бинали Јилдирим прогласи крај на воената операција „Еуфратски штит“ на турската војска во Сирија, јави ТАСС. Во интервјуто за тел...