Дeнеска е Светски ден на среќата

Дeнеска е Светски ден на среќата

Светскиот ден на среќата се одбележува на 20 март, согласно Резолуцијата 66/281 на Генералното собрание на Обединетите Нации, усвоена на 28 јуни 2012, во која се вели дека стремежот кон среќа и благосостојба е основно право на човекот.

Според документот, среќата треба да биде цел на државната политика и да стане компонента на покомплексен, поправеден и балансиран економски раст, што пак, значи постојан развој, искоренување на сиромаштијата и обезбедување среќа.

Идејата за Денот на среќата потекна од Бутан, кој со цел пресметување и подигнување на нивото на благосостојба на нацијата, во 1972 го воведе показателот бруто национална среќа. Според тогашниот бутански крал Џигме Сингај Вангчук, стандардните макроекономски показатели не може прецизно да го одразат нивото на благосостојба во земјата.

Бруто националната среќа се пресметува по специјален метод врз основа на показатели, како што се ефективноста на власта, социјална правда, грижа за околината, негување на културното и духовно наследство.

Од февруари 2016, во Обединетите Арапски Емирати е воведена функцијата државен министер за среќа, а од јануари 2017 и во индиската сојузна држава Мадхија Прадеш.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Бикини и снег: Околу 1.500 сноубордери и с... Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови и оскудна комбинации се собраа на рускиот регион на Кемерово каде уживаа во сноубординг. На познатиот ск...
Фен за коса против пребрзо возење... Жители од едно село во Шкотска каде автомобилите поминуваат со брзина од сто километри на час, се досетиле како да ги забават. Тие ја зедоа работат...
Хит во Русија: Пивска јога Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод - „пивска јога“. Имено, тие ...
Коментар на Фејсбук и го спаси животот... Лара Пит, водителка од Австралија, по породувањето, за необично кусо време повторно се појавила на малите екрани, па веднаш гледачите почнаа да комент...
Најудобната колекција софи во светот... Италијанската компанија „Едра“ ја претстави софата „Пак“. „Пак“ е огромна скулптурна софа што потсетува на лебдечки леден брег. Наслон...
Патувањето го стимулира мозокот: Ја враќа позитивн... Пристигна пролетта и вистинско време е да си дозволите себе си патување во некои до сега неистражени дестинации. Запознавањето нови предели не сам...