Тројца македонски поети ќе учествуваат на „Борина недела“ во Врање

Тројца македонски поети ќе учествуваат на „Борина недела“ во Врање

Поетите Христо Петрески, Јордан Ѓорчев и Трајче Кацаров ќе учествуваат на педесеттата манифестација „Борина недела“, која традиционално се одржува во Врање – родното место на српскиот писател Борисав Станковиќ.

Во слава и чест на познатиот автор на „Коштана“, „Нечиста крв“ и други дела, од 23-ти до 29 март по 50-ти пат Врање ќе биде домаќин на голем број писатели од Србија и од странство.

Годинашната „Борина недела“ слави три јубилеи: 50 години на манифестацијата, 140 години од раѓањето на Борисав Станковиќ и 25 години од востановувањето на Борина награда.

Петрески, Ѓорчев и Кацаров ќе настапат на свеченото отворање кое ќе почне со претставување на современата српска и македонска поезија, односно со настап на српски и македонски поети.

Поврзани вести

„Градиме нови генерации“ – мото на јубилејни... Со дваесеттина настани, преку 40 учесници и петдневна програма под мотото „Градиме нови генерации“, денеска во Струга почнува јубилејното 5. издание н...
Скопје кандидат за „Европска престолнина на култур... Со изложби на фотографии и инсталации, како и со проекција на документарен филм, вечер во Младинскиот културен центар почнува проектот „Европска прест...
Почнува „Крушево етно град 2017“... Со формирање Поворка во Домот на културата во Крушево, вечер почнува годинашната манифестација „Крушево етно град“. Официјалното отворање ќе биде ...
Книжевен разговор со писателката Наида Мујкиќ... Издавачката куќа „Готен“ во соработка со Здружението за култура и развој на креативните индустрии „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ од Струмица, денеска организра книжев...
Предавања и изложби по повод Светскиот ден на архе... По повод одбележување на светскиот ден на археологијата, Институтот за археолошки истражувања - Скопје ќе огранизира настан во НУ Археолошки музеј на ...
Тозија доаѓа на чело на најбогатата културна инсти... Во подготовката е менаџерска промена во најзначајната институција за домашната кинематографија- Агенцијата за филм, за која ќе се одлучува на следната...