Црвена звезда ја дели една победа од АБА финалето

Црвена звезда ја дели една победа од АБА финалето

Црвена звезда ја совлада Будуќност со 82:67 синоќа во Белград во првиод натпревар од полуфиналната пресметка во регионалната кошаркарска АБА лигата која се игра до две победи.

„Црвено-белите“ уште од стартот го преземаа водството и ја имаа контролота на резултатот во сите 40 минути и не му дадоа на противникот посериозно да ја загрози нивната победа.

Домаќинот ја доби првата битка и во другата полуфинална пресметка. Во Загреб Цедевита го победи Партизан со 83:76 и е на еден чекор до финалето.

Реваншот Партизан – Цедевита во Белград е закажан за 25 март, а во Подгорица Будуќност и Црвена звезда ќе играат на 28 март.

Доколку има потреба од „мајсторки“ тие ќе се одиграат на 1 односно 4 април.

Поврзани вести

Екс-кошаркарот на МЗТ Скопје Марко Луковиќ се сели... Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Луковиќ кариерата ја продолжува во шпанската Мурсија. Луковиќ, кој две сезони го носеше дресот н...
АВ Охрид ќе игра во Втората АБА лига... Екипата на АВ Охрид ќе биде македонскиот во Втората кошаркарска АБА лигата. Охриѓани во последен момент ја прифатија понудата да биде дел од ова на...
АБА лига го казни „Карпош Соколи“ со петгодишна су... Екипата на Карпош Соколи е казнета со пет години суспензија за настап во регионалната АБА лига, одлучи Собранието на регионалното натпреварување. П...
Македонските кадетки подобри од Бугарија... Младата кадетска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години оствари победа во дуелот против врсничките од Бугарија. На мини меѓународн...
Младите кошаркарки на Израел најдобри на мини турн... Младата кадетска репрезентација на Израел за кошаркарки до 16 години го запишаа и третиот триумф на мини меѓународниот турнир што се одржува во Скопје...
Грчките кошаркари се нови европски шампиони до 20 ... Репрезентацијата на Грзија го освои шампионскиот трофеј на Европското шрвенство за кошаркари до 20 години. Грците ја искористија предноста домашни...