Македонската младинската репрезентација се пласира на ЕП за ракометарки

Македонската младинската репрезентација се пласира на ЕП за ракометарки

Со победата над Фарски Острови од 23:19 постигната синоќа на последниот натпревар од квалификационата група 1 женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 19 голови) избори учество на Европското првенство што од 27 јули-6 август ќе се игра во Словенија.

Победата постигната над Фарски Острови беше втора за Македонија во групата откако претходно беше совладана Молдавија. Македонија го освои второто место во групата, зад Унгарија.

Најефикасна на натпреварот беше Леонида Гичевска со 7 голови, додека Марија Гајиќ постигна 6.

На Европското првенство ќе играат следниве 16 репрезентации: Македонија, Унгарија (група 1), Шпанија, Романија (група 2), Франција, Црна Гора (група 3), Хрватска, Холандија (група 4), Шведска, Србија (група 5), Португалија (група 6), Норвешка (група 7), Германија (група 8), Данска, Русија и Словенија директно се пласирани.

Поврзани вести

Македонија против Апжир во осминафиналето на СП за... Со одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групната фаза познати се репрезентациите кои ќе играат во осминафиналето на Светското првенств...
Младите македонски ракометари изборија осминафинал... Младата македонска репрезентација се избори за место во осминафиналето на Светското првенство за ракометари од 21 година што се одржува во Алжир. В...
Последно петто коло во групната фаза на СП за рако... На Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир, денеска ќе се играат натпреварите од последното 5.коло во групната фаза. ...
Шпанија пресилна за младите македонски ракометари... Младата македонска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир. Избраниците...
Македонските младинци на мегдан против силната Шпа... Младата македонска ракометна репрезентација вечерва ќе го игра третиот натпревар на Светското првенство што се одржува во Алжир. Избраниците на с...
Комплетирано третото коло на СП за ракометари до 2... Со шестте дуели во групите Б и Д кои беа одиграни во текот на вчерашниот ден, комплетирано е третото коло на Светското првенство за ракометари до 21 ...