Меѓународен ден на Франкофонијата

Меѓународен ден на Франкофонијата

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје денеска на прес-конференција ќе ги соопштат активностите за одбележување на 20 Март – Меѓународниот ден на Франкофонијата.

На прес-конференцијата ќе се обрати амбасадор на Франција Кристијан Тимоние, а ќе присуствуваат и дипломатските претставници на повеќе земји членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: амбасадорот на Албанија Фатос Река, амбасадорка на Австрија Ренате Коблер, бугарскиот амбасадор Великов Петков, Димитрос Јанакакис, шеф на Канцеларијата за врски со Грција, романскиот амбасадор Виорел Станила и Сибил Ситер Тежада, амасадор на Швајцарија.

Македонија членува во Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006 година и има активна улога во промовирањето на Франкофонијата во рамките на Југоисточна Европа.

– Во Македонија денес има повеќе од 50.000 активни говорители на францускиот јазик во најразлични општествени сектори, а токму францускиот јазик е заедничкиот именител којшто ги обединува земјите членки на Франкофонијата, наведуваат организаторите.

Меѓународната организација на Франкофонијата е основана во 1970 година со цел да го промовира францускиот јазик, културната и јазичната различност, промоција на мирот, демократијата и човековите права, поддршка на образованието, како и развивање на соработката во служба на оддржливиот развој и на солидарноста.

Поврзани вести

„Скалила кон рајот“ самостојна изложба на Љупчо Бо... Академскиот сликар Љупчо Бојаров на 4 април во Културно информативниот центар во Скопје ќе се претстави со својата 19-та по ред самостојна изложба нас...
Маестро Зоран Џорлев одбележува 40. години... Македонскиот виолинист и промотор на македонската изворна песна, маестро Зоран Џорлев годинава одбележува 40. години од неговото дејствување на полето...
„Љубовникот на Ленин“, нов роман од Блаже Миневски... Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат романот „Љубовникот на Ленин“ од писателот Блаже Миневски. Авторот разгатнува чувствителни теми о...
Поддршка од Театарот за деца и младинци за СОС Дет... Театарот за деца и младинци по повод Светскиот ден на театарот денеска ќе ја одигра претставата „Бајка за царот Нај“, од која приходот ќе биде дониран...
Главниот хорнист од Берлинската филхармонија Штефа... Македонската филхармонија денеска во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Моцартовата хорна“, на кој како солист ќе настапи првиот хорнист од пре...
Книжевно пладне по повод 30 години од смртта на Жи... Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје по повод 30 години од смртта на големиот македонски писател Живко Чинго организира Книжевно пладне. Ч...