Сончево и топло на првиот ден од пролетта

Сончево и топло на првиот ден од пролетта

Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента. Пролетта ќе трае 93 дена, односно до 21 јуни 2017 година, до 6.24 часот кога ќе настапи летото.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде сончево и топло со минимална температура од 1 до 8 степени и дневни температури од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

До крајот на работната недела Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе предизвика времето да биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Повеќе облачност ќе има во четврток, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во западните делови.

Наредниот викенд, ноќта меѓу 25-ти и 26 март, ќе почне летното сметање на времето, со тоа што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред.

Поврзани вести

Мигрант физички нападнат и ограбен од тројца Пакис... Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во селото Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци. Полиц...
Претепан скопјанец додека седел на клупа пред згра... Ноќеска околу 1 часот по полноќ С.Р. (58) бил претепан од шест непознати машки лица додека седел на клупа пред зграда на улицата „Боро Менков“ во Скоп...
Џаферовиќ: Ќе се интензивира парламетарната сорабо... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом при Парламентарното собрание на БиХ, Ше...
(ВИДЕО) Средба Заев – Звиздиќ: Македонија и ... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни рабо...
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да понесат одговорност за н... ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека се додека истрагата за сквернавањето на православните гробишта во Љуботен стои во место, безбедноста на граѓаните е загр...
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е обична политичка алатка со огран... „СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС. Сите отворени случаи од страна на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тен...