(ВИДЕО) МВР: Сузбиена криминална група која продавала наркотици

(ВИДЕО) МВР: Сузбиена криминална група која продавала наркотици

„Со цел сузбивање на организирани криминални групи за улично дилерство на дрога, Министерството за внатрешни работи во петокот (17.03.) по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во рамки на оперативното истражување “МРЕЖА” изврши претреси на повеќе локации и тоа, во Прилеп, Битола и Скопје при што сузбиена е организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со продажба на наркотични дроги а при реализицијата на случајот запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8-10 кг марихуана, 570 таблети екстази од слобода се лишени шест лица, додека две лица во моментов не се достапни на органите на прогон и по истите интензивно се трага.

Притоа, од страна на ОСОСК до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Додека за лицето Н.Х. ќе биде пријавен и за сторено кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 и В.В. за сторено кривично дело – “перење пари и други приноси од казниво дело “ казниво по член 273 од КЗ на РМ.

Лицата се изнесени пред Судија на претходна постапка при што за пет лица е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и за едно лице е одредена мерка домашен притвор.

Имено, по спроведена истрага утврдено е дека лицето Д.В. од Прилеп е организатор на криминалната група која подолг временски период е инволвирана во продажба на хероин и марихуана на подрачје на Прилеп и Битола, со цел стекнување на противправна имотна корист. Д.В. создал своја мрежа на соработници во која секој од членовите извршувал конкретна криминална активност. Д.В. вршел набавка на дрога од лицата Н.Х. и Е.З. двајцата од Скопје, кои дрогата ја транспортирале до Прилеп. Дел од набавената дрога Д.В. ја плаќал со парични средства, а во неколку наврати направена е замена на дрога за ПМВ и моторцикли.

По набавката на дрогата, Д.В. истата ја предавал на лицата М.К. од Прилеп и И.Т. од Битола кои биле задолжени за чување, мешање и препакување на дрогата од каде што така спакуваната дрога по претходен договор Д.В. ја превземал и доставувал до лицата Ф.П. од Прилеп и М.С. од Битола кои биле задолжени за нејзина понатамошна препродажба. Исто така, по инструкции на Д.В. во неколку наврати и самите дилери ја превземале дрогата од горенаведите лицата задолжени за чување, мешање и препакување.

Петокот и саботата (17/18.03.) по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси на подрачје на Прилеп, Битола и Скопје при што кај лицето Ф.П. во Прилеп пронајдено е едно поголемо полиетиленско пакување во кое имало повеќе помали пакувања исполнети со прашкаста материја во кафена боја (хероин), додека кај родителите на лицето В.В. (инаку сопруга на Д.В.) пронајдена е дигитална вага.

Вчера (18.03.) при извршените претреси во Скопје кај лицето Н.Х. пронајдени се два телефонски апарати, девет држачи за СИМ (со и без картици) пластично кутивче со бела НН материја, едно полиетиленско пакување со НН бела прашкаста материја, осум куршуми со калибар 7,65 потоа 50 евра и 158.900 денари во различни апоени, три ПМВ (ПЕЖО 307, Пасат и БМВ 320Д), купопродажни договори, клучеви, сообраќајни дозволи. Кај лицето Е.З. при претрес пронајдено е околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, 8-10 кг марихуана, 570 таблети-екстази, три телефонски апарати, две дигитални ваги со остатоци, сума пари – 19.000 денари. Имено при преземање на оперативно тактички мерки при претресот кај Е.З. во дворот пронајдена е пластична канта закопана во земја во која бил сместен хероинот, кокаинот,новчаник за појас во кој имало 50 екстази, прашкаста материја со кафена боја –хероин, 50 екстази и дигитална вага“ соопштија од МВР.

Поврзани вести

Заврши  расправата за разрешување на Марко Зврлевс... Заврши дебатата за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Продолжението ќе биде дополнително закажано. Координаторот на една од пратенич...
Мицкоски: Извршниот комитет предложи пет кандидати... Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ била во полна кондиција пред локалните избори, заокрожувајќи ги с...
Богоевски: Реформите во МВР и во државните институ... Павле Богоевски денеска во изјава за медиумите рече дека за разлика од претходната практика на раководството на прикривање и заташкување на прекумерна...
Потврдено постоење на пет неолитски градби на лока... Истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука се завршени и во рамки на ископувањата е потврдено постоење на пет неолитски градби во простор ...
Околу 1.300 кандидати аплицирале за упис во прва г... Околу 1.300 идни студенти аплицирале на факултетите и академиите на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип во рамки на првиот уписен рок, во текот на измина...
Илиоски: СДСМ е против европска, ефикасна админист... Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ не сакале професионална и компетентна администрација и не сакале администрациј...