(ВИДЕО) Шахпаска: Тодоров ги довел во ризик и бебињата во возилата на Итната помош, итно е потребна новата Влада

„Откако завршија два човечки живота во возило на Итната медицинска помош кое што се расипално на пат од Крива Паланка кон скопските клиники, деновиве во ризик е доведен и живот на бебе!

Превезувано е бебе од Охрид во Скопје, според информациите што ги имаме, во старо возило на Итната медицинска помош, кое што се расипало на Стража. И поради тоа, скандалозно, бебето на Стража било префрлувано во друго возило на Итната помош.

Во старо возило на Итната помош и завчера е пренесувано и друго бебе, исто така од Охрид во Скопје.

Ова се случува поради тоа што набавените 69 возила на Итната помош, до коишто се сликаше Никола Тодоров, немаат приклучок за инкубатор за бебиња! Иако овие возила ги чинат граѓаните 4.5 милиони евра!

Затоа бебињата за кои е неопходна инта интервенција се превезуваат со стари возила на Итната помош коишто често се расипуваат.

Се расипуваат и новите возила, поради нередовно одржување, според информациите што ги имаме, и како што е сведок јавноста во Македонија, тоа веќе одзеде два живота на граѓани од Крива Паланка.

Ова е уште еден аларм за несовесните здравствени политики што мора да бидат спречени. Поради ваквите политики, според Европскиот здравствен индекс (ЕХЦИ) Македонија е втора држава во Европа по лоши здравствени резултати.

Несоодветните возила на Итната помош за коишто се дадени милиони евра пари на граѓаните и негрижливото одржување на возилата покажува уште еднаш дека Никола Тодоров беше министер за тендери, а не за здравство.

Тодоров, Груевски и нивните соработници наштетија на граѓаните и го доведоа во ризик нивното здравје.

Во Програмата на новата реформска Влада, здравјето на граѓаните е врвен приорритет.

Во врска со Итната помош, ќе основаме нова самостојна јавна здравствена установа на итна медицинска помош, којашто ќе ги обедини сите служби на итна медицинска помош и ќе ги поврзува сите болници во Република Македонија. Исто така ќе ја зајакнеме и унапредиме службата за домашна посета, со цел да стане достапна за секој граѓанин и во најодалечените места.

За да се заштити здравјето на бебињата и на граѓаните и да почне спроведувањето на Програмата, инто е потребно претседателот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот за состав на новата Влада и во најскоро време да се формира новата реформска Влада на граѓаните на Македонија“ изјави Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието и членка на Комисијата за здравство на СДСМ.

Поврзани вести

Мигрант физички нападнат и ограбен од тројца Пакис... Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во селото Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци. Полиц...
Претепан скопјанец додека седел на клупа пред згра... Ноќеска околу 1 часот по полноќ С.Р. (58) бил претепан од шест непознати машки лица додека седел на клупа пред зграда на улицата „Боро Менков“ во Скоп...
Џаферовиќ: Ќе се интензивира парламетарната сорабо... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом при Парламентарното собрание на БиХ, Ше...
(ВИДЕО) Средба Заев – Звиздиќ: Македонија и ... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни рабо...
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да понесат одговорност за н... ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека се додека истрагата за сквернавањето на православните гробишта во Љуботен стои во место, безбедноста на граѓаните е загр...
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е обична политичка алатка со огран... „СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС. Сите отворени случаи од страна на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тен...