Цедевита поведе со 1-0 против Партизан во полуфиналето на АБА лигата

Цедевита поведе со 1-0 против Партизан во полуфиналето на АБА лигата

Кошаркарите на Цедевита го добија првиот полуфинален натпревра против Партизан во разигрувањето за титулата во регионалната АБА лига.

На натпревраот одигран синоќа во Загреб хрватскиот првак Цедевита го совлада белградски Партизан со 83:76 по четвртини 25:17, 29:18, 16:24 и 13:17.

Најефикасни во победничкиот табор беа Американецот, Џон Шурна со 15 и Миро Билан со 13 поени, додека кај гостите се истакнаа Вилијам Хачер со 18 и Новица Величковиќ со 14 поени.

Вечерва во Белград од од 19 часот својот прв полуфинален меч ќе го играат бранителот на шампионскиот трофеј Црвена Ѕвезда и црногорскиот првак Будуќност.

Полуфиналната серија во АБА лигата се игра во два добиени натпревари. Реванш натпреварите на програмата се на 25 и 28 март, додека евентуалните решавачки натпревари, мајсторките би се играле на 1 и 4 април.

Поврзани вести

МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани шампионската титула... Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула откако вечерва во мајсторката од финалето на плеј офот го совлада тимот на Карпош ...
МКФ: Финалистите се согласија за судии од странств... Македонската кошаркарска федерација денеска ги објави согласностите од финалистите во плејофот, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, странци да го суд...
МЗТ Скопје и Карпош Соколи во „мајсторка“ за шампи... Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи попладнево ќе го играат решавачкиот петти натпревар во финалето од плејофот на домашното кошаркарско пр...
Кливленд на чекор од финалето во НБА лигата... Актуелниот НБА шампион Кливленд го дели само една победа од пласманот во големото финале. „Кавалирс“ ноќеска во натпреварот број 3 од финалната серија...
МЗТ Скопје и следната сезона во АБА лигата... Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде дел од АБА лигата и следната сезона без разлика на крајниот епил...
Тројца судии од Турција ќе ја судат мајсторката ме... Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за мајсторката од финалето на плеј офот што ќе се игра утре меѓу МЗТСкопје Аеродром и Карпош Соколи одлучи д...