Младите македонски ракометарки на чекор до Европското првенство

Младите македонски ракометарки на чекор до Европското првенство

Младата женска ракоментна репрезентација на Македонија (до 19 години) се на чекор до пласман на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Словенија.

Со синоќешниот триумф над Молдавија со 44-25, а во рамките од првата квалификациска група чии средби се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје избраничките на селекторот Борче Марковски се многу блиску до освојување на второто место кое води на ЕП во Словенија.

Убедливиот пораз на ракометарките на Фарските Острови од Унгарија со 41-16, ја искачи Македонија на втората позиција со ист број бодови (2) како и Фарските Острови, но подобра гол разлика (Македонија +4, Фарски Острови -7).

Така, во вечерашниот меч со Фарските Острови на нашите јуниорки им одговара и нерешен резултат, но сигурно дека црвено-жолтите ќе дадат се од себе да остварат и победа со која ќе го потврдат второто место.

Натпреврот Македонија – Фарски Острови ќе се игра во терминот од 19 часот и 30 минути, а од таборот на нашата млада селекција ја повикуваат побликата да им даде поддршка во обидот да се оствари пласман на континенталното првенство во Словенија.

Поврзани вести

Сениорките ги почнаа подготовките за баражот за СП... Женска ракометна репрезентација на Македонија денес во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го одржа првиот собир за почеток на подготовките за бараж-двомечо...
Врвни тренерски имиња на ракометниот камп „Лазаров... Силен интернационален тим оваа година ќе работи со учесниците на ракометниот камп „Лазаров 7“ во Охрид. На нешто помалку од еден месец до стартот на т...
Пелистер го доби ракометното дерби на Битола проти... Ракометарите на Пелистер остварија победа во дербито на 9.коло од ракометниот плеј оф откако вечерва го совладаа градскиот ривал Еурофрам Работник со ...
Ракометните суперлигаши ги играат натпреварите од ... Ракометните суперлигаши од Македонија попладнево ќе ги одиграат натпреварите од 9.коло од плеј оф-от. Во СЦ „Јане Сандански“ првакот Вардар е домаќин ...
Нодесбо по една деценија заминува од Барселона... Данскиот ракометар Јеспер Нодесбо по една деценија минати во редовите на Барселона, го напушта шпанскиот гигант. - Направив договор со клубот. Не б...
Сара Ристовска номинирана за најдобро младо светск... Ракометарката на Вардар Сара Ристовска се најде во изборот за најдобро десно крило во светот меѓу младите ракометарки, во изборот на познатиот ракомет...