МЗТ Скопје го победи Кожув во дуел од Супер лигата

МЗТ Скопје го победи Кожув во дуел од Супер лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа победа против Кожув во воведниот натпревар од 2. коло на Супер лига.

На средбата одиграна вечерва во Гевгелија, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над Кожув со 77:71 по четвртини 17-25, 21-16, 22-14 и 17-16.

По 20 поени за МЗТ Скопје постигнаа Ксавиер Теимс и Јуре Лалиќ кој придодаде и 8 скокови, додека поен помалку (19) имаше Ѓорѓе Дреновац.

Кај домашниот тим најзабележителен играч беше Американецот, Кениот МекНил кој постигна 19 поени, а имаша и по четири асистенции и скокови.

За МЗТ Скопје ова беше втора победа во Супер лигата, а за Кожув втор пораз.

Утре на програмата се другите два натпревара.

Во Кавадарци од 17 часот ќе започне мечот меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи, дуел кој практично е реприза на финалето во Купот на Македонија.

Во салата „Градски парк“ во Скопје, од 18 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу Работнички и Куманово.

Во борбата за опстанок, односно Плеј-аут лигата, попладнево се одиграат двата натпревара. АВ Охрид ја победи Струмица со 81:77, додека Вардар не успеја да ја оствари првата победа сезонава и загуби од Пелистер со 81:85 по продолжение откако регуларниот дел заврши нерешено 66:66.

На табелата во оваа конкуренција АВ Охрид има 22 бодови, еден повеќе од Струмица и Пелистер, додека последно пласираниот Вардар има 15 бодови.

Поврзани вести

Лав очекува изедначено финале со Голден Стејт... Кошаркарот на Кливелнд, Кевин Лав очекува неизвесни и тешки дуели против Голден Стејт во финалната серија од НБА лигата. Тој не се сложува со пишув...
Цедевита и Цибона ќе играат мајсторка за титулата ... Шампионот во кошарка во Хрватска ќе биде промовиран по одигрувањето на петтиот решавачки дуел во финалната серија од плеј-офот. Како и во македонск...
МЗТ Скопје Аеродром ја освои титулата во М12... Младите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија титулата во генерацијата родени 2005 година и помлади, односно М12. Со победа од 42:34, домаќините...
Леброн го мина Џордан на листата најдобри поентери... Лидерот на шампионот Кливленд, Леброн Џејмс стана најдобриот поентер во плеј-офот во историјата на НБА лигата. Леброн синоќешниот петти меч против ...
Шампионот Кливленд ќе игра во „големото“ финале... Актуелниот шампион во НБА лига Кливленд се избори за нов настап во „големото“ финале на најквалитетната светска кошаркарска лига. Тимот на Кливленд...
Прв проект на МКФ и Факултетот за физичко образова... Македонската кошаркарска федерација и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје неодамна ја обновија меѓусебната соработка потпишувајќи Мемор...