Нов пораз на македонските ракометарки од Србија

Нов пораз на македонските ракометарки од Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија по втор пат е совладана од Србија во контролен пријателски натпревар.

Во рамките на „неделата на ЕХФ“, која се користи за контролни натпревари избраничките на Симе Симовски двапати се поразени од соодветната селекција на Србија. Откако вчера загубија со 35:29, денеска црвено-жолтите се поразени со 27:43 во натпреварот кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Овие две средби треба да послужат за проверка на формата на нашата репрезентација пред бараж средбите со Шведска кои ќе се одиграат во јуни, а за пласман на Светското првенство во Германија.

Вечерва, пак, младата селекција на Македонија до 19 години ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за ЕП во Словенија. Во терминот од 19 часот и 30 минути во СРЦ „Кале“ во Скопје, младите македонски ракометарки ќе играат против Молдавија.

Поврзани вести

Кил и Рајн-Некар во дуел за место во четвртфиналет... Со германската пресметка меѓу Рајн-Некар и Кил, вечерва од 19 часот во Манхајм, ќе започнат возвратните натпревари од осминафиналната рунда во машката...
Женската ракометна репрезентација во 3. „шешир“ во... Женската ракометна репрезентација на Македонија е рангирана во третиот „шешир“ за извлекувањето на групите за квалификациите за Европското првенство ш...
Охрид домаќин на „Фајнл Фор“ турнирот за ракометар... Завршниот турнир во ракомет - кадетска женска конкуренција ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид в недела (2 април), информира Ракометната...
Металург – Вардар во првото коло од ракометн... Дербито меѓу големите ривали Металург и Вардар ќе го одбележи стартот на ракометниот плеј-оф во македонското ракометно првенство. Претстојниот вике...
Гонзалез ја предводи најдобрата седморка на СЕХА з... Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез од своите колеги во СЕХА Газпром лигата е избран за најдобар стратег сезонава, а тројца играчи се најдоа и во еден о...
РФМ ја исплати премијата на репрезентативците... По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сенио...