Стартува полуфиналето во кошаркарската АБА лига

Стартува полуфиналето во кошаркарската АБА лига

Со натпреварот во Загреб денеска ќе започне плеј-офот во регионалната кошаркарска АБА лига.

Во првиот полуфинален натпревар хрватскиот првак Цедевита ќе биде домаќин на белградски Партизан во дуелот кој ќе се игра вечерва од 19 часот.

Во истиот термин утревечер во Белград, на Црвена Ѕвезда, која го освои првото место, а воедно ја брани и титулата, ќе и гостува црногорскиот првак Будуќност, кој во понеделникот во последниот меч од регуларниот дел на сезоната загуби со 82-66.

Полуфиналната серија ќе се игра во два добиени натпревара. Реванш натпреварите на програмата се на 25 и 28 март, додека евентуалните решавачки натпревари, мајсторките би се играле на 1 и 4 април.

Почетокот на финалната серија (подобар од пет натпревари) е закажан за 10 април.

Поврзани вести

Шпанска пресметка во финалето на Еврокупот... Во финалето на второто по квалитет клупско европско кошаркарско натпреварување ќе играат Уникаха и Валенсија. Синоќа во решавачкиот трет дуел од по...
Бостон се поблиску до првата позиција во Источната... Со триумфот над Индијана на домашен терен постигнат ноќеска кошаркарите на Бостон се се поблиску до првото место на „Исток“, особено по поразот на шам...
Реал Мадрид поуспешен од Барселона во Евролигата... Кошаркарите на Реал Мадрид се вратија на првото место на табелата во кошаркарската Евролига откако синоќа ја победија Барселона со 85:69 на последниот...
Куманово поразен од Пеќ во полуфиналето од БИБЛ ли... Кошаркарите на Куманово вечерва претрпеа пораз на првиот полуфинален натпревар од БИБЛ лигата. Кумановчани беа совладани од екипата на Пеќ на гости со...
ЦСКА Москва ја постигна 20. победа во Евролигата... Екипата на ЦСКА Москва со триумфот вечерва над Дарушафака е првата екипа која сезонава во кошаркарската Евролига ја постигна 20-та победа. Првакот на ...
МКФ: КК Куманово не заслужува да биде менаџиран на... Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска преку соопштение ја информира спортската јавност во врска со последните случувања околу барањето за ...