Изложба „Додекоманија“ – спој на ликовниот и поетскиот израз

Изложба „Додекоманија“ – спој на ликовниот и поетскиот израз

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложба на ликовниот уметник и поет Ацо Таневски, насловена „Додекоманија“.

Според авторот, ова е првпат македонската публика да ја види изложбата која наменски беше создадена и отворена пред две години во Македонскиот културен центар во Њујорк, а изложбата прави спој на поетскиот и ликовниот израз.

– Насловот на изложбата „Додекоманија“ не е случаен. Изложбата е поврзана со мојата претпоследна збиорка поезија со ист наслов. Додекоманија е изведенка зашто сите песни во збирката почнуваат со зборот „додека“. Илустрациите на изложбата се надополнуваат и ја објаснуваат мојата поезија. Ова е спој на ликовниот и поетскиот израз. Има и своевидна порака зашто на илустрациите се и бар-кодови кои се симбол на современиот начин на живеењето. Сите производи имаат бар-кодови, па и човекот носи своевиден бар-код од своето раѓање што упатува на дехуманизација, против што јас го изразувам својот револт, изјави Таневски.

Претставени се 40-ина дела колку што има и поетски изрази во книгата на Таневски.

Според Тони Чатлески, директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“, оваа интересна изложба е седма од почетокот на годината.

– Досега Центарот за култура „Марко Цепенков“ претстави седум ликовни доживувања за прилепската публика. Според програмата поддржана од Министерството за култура, годинава треба да реализираме вкупно 36 и уште 20-ина изложби кои сами ќе ги финансираме. Тоа го става Прилеп меѓу градовите со најбогата ликовна дејност, рече Чатлески.

Поврзани вести

„Македонија и Македонците во Првата светска војна&... Во Воениот музеј на Австрија во Виена, кој е еден од најстарите и најпознати музеи во оваа земја, вчера беше отворена изложбата „Македонија и Македонц...
Деветта изложба на фотоклубот „Козјак“ од Куманово... Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер ќе биде отворена деветта клупска изложба на Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово, наслове...
„Скопје чита“ на Скопско кале... Второто издание на манифестацијата „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во паркот спроти Скопското кале. Прво ќе читаат група студенти, а потоа и рен...
Проекција на шведскиот документарец „Фини луѓе“ во... Во организација на Амбасадата на Шведска, во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде прикажан шведскиот документарен филм „Фини луѓе” во режија на Кари...
Промоција на прва книга во едицијата „Мацедонише ц... Првата независна издавачка куќа во Македонија - „Ѓурѓа“, која оваа година одбележува 30 години постоење, денеска напладне во Галеријата на Младинскиот...
Почнува 16. ОфФест – девет концерти до 28 ма... - Четиридневниот 16. ОфФест вечер ќе почне со два концерта во Македонскиот народен театар - соло-настап на Дамир Имамовиќ од Босна, најпознатиот извед...