До кое место на Земјата е најтешко да се стигне?

До кое место на Земјата е најтешко да се стигне?

Во денешно време се верува дека може да се стигне било каде во светот со авион и такси и дека за релативно кратко време може да се оди до сосема другиот крај на светот.

Но сепак, во реалноста постојат места каде што е навистина тешко да се стигне, па дури има и места на Земјата каде што досега не стигнал ниту еден човек.

Пред 100 години, тргнувајќи од Лондон, до скоро цела Европа се стигнувало за 5 дена. До некои подалечни делови од Скандинавија и Русија биле потребни 5 до 10 дена, додека за патување до Сан Франциско биле потребни до 20 дена. До Сиднеј се стигнувало за помалку од 40 дена, а постоеле и поизолирани места на скоро сите континенти, освен Европа, до каде патувањето би траело повеќе од 40 дена.

Денес времето на патување е значително намалено. До цела Европа од Лондон се стигнува за половина ден, како и до многу делови од Америка, Африка и Азија. Патувањето до Сан Франциско сега се остварува за половина ден, а тоа до Сиднеј би траело само еден ден. Ова се должи на технолошкиот напредок, особено на авионскиот транспорт, но сепак постојат изолирани места на Земјата до кои што е тешко да се стигне.

Еден таков пример е островот Питкаирн, кој што е територија на Велика Британија, што се наоѓа на средина на Тихиот Океан со популација од 49 жители и е стотици километри оддалечен од најблиското населено копно. Доколку сакате да се преселите таму ќе ви дадат бесплатен имот на кој што ќе може да ја изградите вашата куќа, а температурата на овој остров е тропска во текот на целата година.

Меѓутоа, главен проблем е немањето на аеродром на островот, па единствениот начин на транспорт и поврзување со надворешниот свет е со брод, но и тие се ретки. Најлесниот начин да се стигне од Лондон до Питкаирн е прво со авион да летате до Лос Анџелес, па од таму да фатите лет за Тахити, што ќе ви одземе околу 24 часа.

Од Тахити треба да летате до еден друг остров наречен Мангарева. Овој лет трае 5 и пол часа, меѓутоа го има само еднаш неделно. Ова е најблискиот аеродром до Питкаирн, а е сепак оддалечен 531 километри. Единствениот брод кој што патува до островот се наоѓа тука, но отпловува еднаш на три месеци. Доколку добро го испланирате патувањето и стигнете точно пред тргнување, ќе ви требаат уште 32 часа патување додека да стигнете до Питкаирн. Со тоа минималното време за стигнување од Лондон трае околу 2 и пол дена.

Островите Кергулен, кои што се исто така познати и како Пусти острови се наоѓаат во Индискиот океан и се 3.300 километри оддалечени од најблискиот центар со популација во Мадагаскар. Има од 50 до 100 француски научници на овие осторви, а исто како и на Питкаирн нема аеродром, па патувањето се врши само со брод.

Посетите се од еден брод за носење на материјали еднаш на три месеци, а бродот тргнува од островот Рејунион блиску до Мадагаскар. Патувањето од Рејунион до Керугленските острови трае цели шест дена. Би ви била потребна минимум една недела да стигнете до овие острови тргнувајќи од Лондон, но кога ќе стигнете таму постои и уште поголем предизвик.

Највисоката планина на островот е висока 1850 метри и првиот кој што стигнал до врвот бил некој истражувач кој што се искачил со хеликоптер во 1960. година. Не се регистрирани други освојувачи на овој врв од тогаш, што значи е веројатно дека е едно од најтешките места за стигнување на Земјата.

Но постојат и други планини кои се значително тешки за осовјување. Планината Сидли е највисокиот вулкан на Антарктикот. Вулканот се наоѓа на најопасниот предел од Антрактикот познат како Мери Брдленд. Вулканот е висок 4.285 метри, а бил откриен во 1934. година. Првото искачување било завршено дури во 1990. година, а од тогаш само две експедиции стигнале до врвот, последната во 2010. година.

Највисокиот врв на Земјата, Монт Еверест е висок 8.848 метри, а бил освоен од околу 4.000 луѓе низ историјата, што е бројка помала од вкупниот број на освојувачи на награда Еми.

Меѓутоа врвот K2, вториот највисок врв во светот, претставува значително потежок предизвик. Досега само околу 300 луѓе успеале да го освојат, а 77 планинари загинале обидувајќи се да се искачат.

Тежината за искачување не мора да биде условена само од висината. Десеттиот највисок врв Анапурна на Хималаите се смета дека е уште поопасен. Анапурна бил освоен од само 191 планинар, а 61 лице загинало обидувајќи се да се искачат, што претстваува огромен процент од вкупниот број на лица кои што се обиделе.

Врвот Гангкар Пуенсум е највисокиот планински врв кој досега не бил освоен од страна на човек, а е висок 7.570 метри. Тој се наоѓа во Бутан, а поради религиски причини искачувањето на овој врв е забрането, па овој предизвик не само што е физички тежок, туку е и нелегален.

Највисокиот врв на кој што е легално да се искачува, но никогаш не бил освоен е Мучу Чхиш во Пакистан кој што е висок 7.453 метри. Во историјата само два пати имало обиди за освојување на овој врв, но и двате биле неуспешни, со што овој врв е најверојатно најтешкото место на Земјата за стигнување.

Поврзани вести

Патувањето го стимулира мозокот: Ја враќа позитивн... Пристигна пролетта и вистинско време е да си дозволите себе си патување во некои до сега неистражени дестинации. Запознавањето нови предели не сам...
Австралија: 12-годишно момче извозело повеќе од 1.... Полицијата во Австралија запрела 12-годишно момче, кое возело со автомобил кон автопатот во Перт. Утврдено е дека момчето веќе минало 1.300 километ...
ФОТО: Фестивал на лалињата во Истанбул... Во април се одржува годишниот Интернационален лале фестивал во Истанбул. Ова не треба да ве изненади, ако се знае дека всушност вистинското потекло на...
ФОТО: Рокамадур – омилено село во Франција... Во југозападниот дел на Франција сместено е шармантното село Рокамадур. Секоја година го посетуваат околу милион туристи, бидејќи веќе илјадници годин...
Остров на кој се нурка во „црното око на џиновски ... Нуркањето во Сината дупка - подводна пештера на островот Гоз, е едно од најфасцинантните искуства во светот. Новинарката Силвија Марчети ја опиша ...
Во Истанбул посаден „килим“ од лалиња... Огромен „килим“ од 564 илјади лалиња е „исткаан“ во историскиот центар на Истанбул, во реонот меѓу „Света Софија“ и џамијата „Султан Ахмет“. Според...