Отворен конкурсот за Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство

Отворен конкурсот за Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство

Сите новинари кои во 2016 година продуцирале и објавиле истражувачки стории на теми поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал, од денеска до 7 април може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство.

Наградата е воспоставена од Европската комисија, во согласност со Стратегијата за проширување на ЕУ, која ја идентификува потребата од обезбедување слобода на изразување во медиумите и потребата за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на процесот на реформите. Целта е да ги истакне и промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Конкурсот вклучува и под-категорија „награда за најдобра сторија од млад новинар истражувач“, со цел да се промовираат младите генерации новинари истражувачи.

Наградата се доделува еднаш годишно во земјите од Западен Балкан и во Турција, а годишниот награден фонд за секоја земја изнесува 10.000 евра.

Како што се наведува, во секоја држава ќе бидат наградени од една до три истражувачки приказни, а поединечните награди ќе изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра. Процесот на доделување на наградата го администрира партнерството на граѓански организации координирани од Мировниот институт во Љубљана, додека Македонскиот институт за медиуми, како член на партнерството, ќе ги координира активностите поврзани со конкурсот во земјава.

Повеќе информации поврзани со Наградата можат да се најдат на eunagrada@mim.org.mk, а документите за аплицирање (на македонски и албански јазик) се достапни на веб страницата www.mim.org.mk/eunagrada.

Поврзани вести

Адаптирани спортски активности за децата со пречки... Денес Проектот на УСАИД и LCIF за деца со пречки во видот организираше адаптирани спортски активности со децата со оштетен вид во училиштето „Вудроу В...
ДУИ: Нема промена во одлуката да се создаде парлам... Демократската унија за интеграција попладнево соопшти дека нема промена во одлуката да се создаде новото парламентарно мнозинство кое ќе го избере Тал...
Утре не очекува сончево и топло време со температу... Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од два ...
Делови од Скопје во четврток без струја, без вода ... Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од потрошувачите од општина Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец. Утре е најавен и прекин ...
Саем на кариера на Универзитетот на ЈИЕ... На универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска по 12. пат се одржа годишниот Саем на кариера. Со саемот им се овозможува на студентите и ...
Министерот Амети на средба со граѓански здруженија... Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети одржа консултативна средба со претставници на граѓанските здруженија и иницијативи за...