Крокети од гриз

Крокети од гриз

Од надвор крцкави, а внатре меки …

Потребно е:
500 мл вода
1 чаша (од 200 мл) гриз
сол, по вкус
мелен сув зачин и други зачини по желба
1 јајце
лебни трошки
масло, за пржење

Подготовка:
– Гризот со зачините сварете го во водата.

– Кога ќе се излади додадете 1 јајце и убаво замесете го со рака.

– Земајте од смесата и обликувајте топчиња со големина на орев.

– Топчињата увалкајте ги во лебни трошки.

– Пржете ги во врело масло.

– Испржените крокети ставете ги на кујнска хартија и оставете да се впие вишокот маснотија.

Поврзани вести

Лазањи со лигњи Направете ја оваа комбинација на омилени јадења, затоа што овој спој на лигњи, тесто за лазањи и вино дава неверојатно мирисни залачиња ... Потребн...
Пилешко во црвено со палента и праз... Интересна идеја за еден вкусен колоритен ручек ... Потребно е: 1 пиле од околу 1,5 кг 1 поголема главица кромид 3 моркови 3 гранчиња магдонос (...
Пита со боровинки Вкусна виолетова пита ... Потребно е: за тестото: 100 гр шеќер 400 гр остро брашно 1 прашок за пециво 200 гр путер 2 жолчки прстофат сол из...
Запечено пире од компири со шампињони... Козјото сирење идеално одговара со пирето од компири и печурките ... Потребно е: 1 кг компири маслиново масло сол, мелен црн бибер 150 гр марин...
Палачинки од блитва Овие колоритни палачинки потполно ќе ве освојат со својот вкус ... Потребно е: 150 гр пченично бело брашно 2 јајца 250 мл млеко 1 лажиче прашо...
Светски ден на сладоледот Третата недела во јули традиционално се одбележува како Светски ден на сладоледот, прослава која што започнала пред 33 години во САД. Одбележувањет...