Спиењето во ист кревет со партнерот може да биде штетно по здравјето

Спиењето во ист кревет со партнерот може да биде штетно по здравјето

За да го подобрите квалитетот на сонот, треба да се откажете од лошите навики, бидејќи тоа е многу важно за општата здравствена состојба, советуваат француски експерти, кои спровеле анкета по повод одбележувањето на Светскиот ден на сонот – 17 март.

Половина Французи постелата ја делат со партнерот, а четвртина повремено во кревет го примаат своето дете на возраст од две до пет години, поради тоа што е немирно, болно или плаче, но и поради лошите економски околности.

Дури 77 отсто испитаници рекле дека самите избрале да ја делат постелата со партнерот, а третина од нив одговориле дека партнерите спијат одвоено, во друг кревет поради сопствена удобност или да го избегнат ’рчењето на другиот.

– Дури 35 отсто лица ’рчат во сон, но тоа што на другиот партнер обично повеќе му пречи е немирното спиење, вели доктор Жоел Адриен, потсетувајќи дека ’рчењето е позачестено со годините, по обилните оброци и кај дебелите луѓе.

Адриен советува дека за „табуата за спиењето во заедничка постела треба да се разговара со партнерот, бидејќи лошиот сон е чисто страдање… а и лошо влијае на општата здравствена состојба”.

– Разговарајте со партнерот: дали ќе купите поголем кревет или во брачната соба ќе ставите два кревета, а можете да се договорите да спиете во одвоени соби. Квалитетот на сонот е исклучително важен, вели Адриен.

– Да се спие со мало дете е многу лоша идеја, дури и кога е болно, бидејќи праксата може да стане вообичаена, а последиците по автономијата во креветот ќе се чувствуваат подоцна, додава таа.

Третина Французи имаат миленичиња, повеќето кучиња или мачки, а 17 отсто од нив речиси секоја ноќ ги примаат во својот кревет.

Анкетата покажала дека домашните миленици во кревет немаат никакво влијание на сонот на сопственикот кај 61 отсто испитаници, а 13 отсто од нив одговориле дека им го подобрува сонот. Речиси 30 отсто учесници во истражувањето одговориле дека присутноста на нивните влакнести миленици во кревет им пречи и влијае за лош сон.

Адриен потсетува дека треба да се води сметка дека домашните миленици имаат поинаков ритам од своите сопственици.

– Генерално гледајќи за добар и квалитетен сон не е многу добро секогаш да се дели постелата со некого. Но, луѓето имаат различни навики и самите треба да увидат што е најдобро за нив, смета Адриен.

Поврзани вести

Нема докази дека кокосовото масло е поздраво од др... Иако кокосовото масло е добра замена за козметичките препарати, а некои тврдат дека неговите масти се подобри од другите заситени масни киселини, се ч...
Сонцето позитивно влијае на менталното здравје... Истражувачи од американскиот Универзитет „Бригам Јанг“ во Јута, испитувале како Сонцето во текот на денот, од изгрејсонце, до зајдисонце, влијае врз о...
Осум најголеми заблуди на пушачите... Данас - Белград Дури и тие кои се обидуваат да ги остават цигарите по своја волја повторно почнуваат да пушат само затоа што не ги сфатиле заблудит...
Често консумирање помфрит го зголемува ризикот од ... Начинот на кој се подготвува компирот многу влијае на човековото здравје. Лица кои јадат пржени компири два или повеќе пати во неделата, имаат пого...
Лекарите ги советуваат мајките по царскиот рез да ... Жените кои се породуваат со царски рез, потоа секојдневно треба да џвакаат гуми за џвакање, велат експерите. Многу жени по царскиот рез страдаат о...
Хранливи вредности со кои изобилуваат црешите... Црешите поседуваат многу хранливи вредности, поради тоа е препорачливо да се консумираат во големи количини. Во 100 грама цреши (без семка) има 13...