(ВИДЕО) Спасовски: Очекувам Вељаноски да не го стави Собранието во заложништво

(ВИДЕО) Спасовски: Очекувам Вељаноски да не го стави Собранието во заложништво

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски по поднесената иницијатива за продолжување на конститутивната седница кажа дека никој не треба да има никакви изговори за обезбеденото парламентарно мнозинство.

– Доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара. Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжување на конститутивната седница на Собранието на РМ и конечно оваа клучна институција да почне да функционира зашто мора да работи, рече тој.

– Прв чекор е избор на претседател на Собранието, кое што ќе го тргне неразумниот аргумент на Иванов кој е должен да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Очекувам дека ќе се свика координативна средба на пратеничките групи каде ќе се отворат сите прашања за кои ќе имаме разговор и договор.

Во однос на дилемата дека претседателот на Собранието нема рок да ја свика седницата, Спасовски кажа дека во моментов нема претседател на Собранието, а конститувната седница нема рок, таа е започната и веднаш може да биде продолжена.

На висина на одговорноста мора да биде секој пратеник, најмногу поранешниот претседател на Собранието и не смее да става под заложништво институции на системот а посебно не државата. Очекуваме да биде закажана седницата, претходно ќе седнеме сите политички опции да разговараме за лицето кое треба да биде претседател на Собранието, рече Спасовски.

Виктор Јованов

Поврзани вести

НСДП: Трансферот на власта се покажува како пробле... „Пласирање на идеите за одржување на лидерска средба како начин за деблокада на институциите на системот и излез од лимбо ситуција во која ВМРО-ДПМНЕ ...
Одржани мултилатерални консултации меѓу НАТО и Мак... Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска се одржаа мултилатералните консултации „Процес за планирање и преглед“ (ПАРП) меѓу Република Македонија и Алиј...
(ВИДЕО) Николовски: Секој ден е можен избор на пре... Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, најави дека секој ден е можен изборот на претседател на Собранието, со што СДСМ и партиите на Албанците ќе бидат...
Општина Центар прва се вклучи во програмата за (са... Општина Центар денеска потпиша меморандум за соработка со Бизнис конфедерацијата на Македонија, Институтот за менаџмент и поддршка и Здружението на би...
Ранетиот во семејната расправија во Гостивар, осом... При расветлувањето на околностите под кои дошло до ранување по семејна расправија во Гостивар, полицијата откри предмети за кои постои соменение дека ...
Работилница „Стоп за насилството врз жените“... Насилството на родова основа е брутална форма на дискриминација и кршење на основните права на сите жртви. Тоа е и причина и последица на родова неедн...