Смирено, госпоѓо Рејтинг!

Смирено, госпоѓо Рејтинг!

Дали Билјана Василева Трендафилова, главната и одговорна уредничка на „ТВ Нова“ слушнала за А1 телевизија?

Знае ли дека бремена жена беше во притвор и имаше спонтан абортус? Знае ли дека цели семејства беа притворани? Во кој паралелен универзум живее?

И да, мора да знае дека сопственик на телевизија нема поголеми граѓански права од кој и да било друг граѓанин. Имено, обвинение е покренато против Кочан, а не против телевизијата.

Затоа, смешно е да се криете и да изјавувате дека ова е замолчување на медиумите. Смирено, госпоѓо Рејтинг!

За да бидете релевантен медиум треба релевантно и да известуватe. Парите и техниката не го прават медиумот, како што медицинската опрема сама не ги лечи пациентите.

Пушти „24 Вести“, ќе Ти стане јасно зошто тие немаат вакви амплитуди. Еднаш напишав за Вашиот медиум дека е како малолетна девојка која се дружи со лошо друштво и која и’ го зела на сила сепарето на возрасната „Сител“.

Лош алкохол, зачадена кафеана, лоша музика и портокалови потпетици.

Старите велат „такво бачило- таква маст вади“… Според Вашата логика, ако има обвинение за сопственик на слаткарница, тоа е удар за сите кондиторски производи. Не, добрите слатки секогаш се продаваат…

Дејан Блажески

Поврзани вести

Народот го разболевте, сега и го умирате... Богатиот и во странство е како дома, а сиромашниот и дома е туѓ Златото рѓа не фаќа, ама затоа за него се фаќаат само рѓи Мислев дека после посл...
Не наседнувајте на манипулациите, прегрнувајте се!... „Омразата која ја имате кон некои луѓе, нека не ве натера да бидете неправедни!“ - Куран, 5. Поглавје – „Ел Маида“, 8. стих Годината 2001, уште бев...
Трчај Грујо трчај, упс Форест... Борбата сам против сите означува борба сам против себе Дали ние навистина сме во 21 век или ова е само една илизуја? Македонија повеќе наликува на ...
Ме насмеа Ѓорге, како Јешка од Параќин... Ете, тоа е... Господ да му даде здравје и живот на претседателот Иванов. Имам заборавено кога последен пат сум се насмеал. Мислам на убаво смеење, од ...
Уставот и државата се свети и нив не смее да ги че... Дожд од националистичко „патриотски" пораки, ех мој чудесен Балкане. Ај од овде „Азискиот дел“ (како што некои мои соседи Срби, Албанци, Роми, Маке...
Збогум на Тодорофф и екипата... Ако не знаеш каде по патот да продолжиш, тргни од почеток. Добро утро Македонијо! Слободна Македонијо! Борбата мачна, противникот прљав, непокорен,...