По најевтиниот автомобил во светот, „Тата“ го создаде и спортскиот двосед „Рацемо“

По најевтиниот автомобил во светот, „Тата“ го создаде и спортскиот двосед „Рацемо“

Индиската компанија „Тата Моторс“ на актуелниот саем на автомобили во Женева го изложи спортскиот автомобил „Рацемо“ во рамки на новиот подбренд „ТАМО“.

Производителот што во светот е најпознат по проектот за најевтиниот сериски модел „Нано“, но и како сопственик на компанијата „Јагуар Ланд Ровер“, одлучи да се испроба во нов автомобилски сегмент.

Првиот спортски двосед на „Тата Моторс“ е реализиран во рамки на новата подмарка „ТАМО“, а е оформен во дизајнерското студио на индиската компанија во Торино.

„Рацемо“ е изработен од патентиран повеќеслоен MoFlex материјал, што првпат се применува во авто индустријата на еден патнички автомобил. Материјалот, со својата структура, овозможува голема слобода во обликувањето на каросеријата.

Новиот модел „Рацемо“ погонот го добива од централно поставениот трицилиндерски 1.2 турбо бензинец, што испоручува 190 кс (140 кW) и 210 Нм максималeн вртежен момент.

Силата врз тркалата се пренесува преку шестбрзински автоматик, а автомобилот до „стотка“ забрзува за околу шест секунди.

Возилото што е прикажано во Женева се уште е во форма на концепт, а „Тата Моторс“ не го соопшти точниот датум за премиера на сериската верзија. Се очекува продукцискиот модел да биде подготвен во 2018 година.

Поврзани вести

Европејците се помалку купуваат „дизелаши“... Најновите податоци за продажбата на новите автомобили на европскиот пазар покажуваат дека купувачите во Европа денес се помалку заинтересирани за вози...
ВИДЕО: Новитет на пазарот за електромобили... Основната дејност на јапонската компанија Асахи Касеи е хемиска обработка, но сепак, тие вчера со свој изум се вклучија и во трката на пазарот за елек...
Како „Порше“ стигна да продаде милион „911-ки“?... Компанијата „Порше“ на почетокот на мај го произведе јубилејниот милионит примерок од моделот „911“, најпрепознатливиот автомобил од својата гама. ...
„Киа“ го зголемува радиусот на движење на моделот ... Јужнокорејската компанија „Киа Моторс“ претстави различни подобрувања за зголемување на автон омијата во возењето на електричната верзија на моделот „...
Промоција на новиот концепт „БМВ Серија 8 Купе“... На Интернет „протекоа“ фотографиите од концептот на новиот „БМВ Купе“ во пресрет на официјалнтата премиера на овој автомобил. Ова купе со изразито ...
Новиот Рено Меган РС дебитира утре во Монако... Рено потврди дека новиот најбрз Меган ќе биде претставен на публиката во рамки на претстојниот тркачки викенд во Монте Карло. Автомобилот ќе помин...