Работниците на Опел очекуваат нов старт со ПСА

Работниците на Опел очекуваат нов старт со ПСА

Инстинктивно, имам чувство дека ова е позитивен чекор, сака да верувга Фриц Лаграф, работник во германскиот автомобилски конзорциум „Опел“, исто како и многу негови колеги, дека купувањето од страна на француската групација ПСА повторно ќе му даде сјај на овој бренд

Детроит Њуз – Детроит

Во Руселсхајм во западниот дел на Германија, големи групи работници се упатуваат, како и обично, со мирни чекори кон високите згради од челик во кои се наоѓа централата на „Олел“. До нив се надвиснува кула од црвени цигли, на која стои ознаката „блиц“ (молња), кој е симбол на брендот.

Изгледа ништо не ја нарушува рутината на секојдневието во оваа огромна фабрика која всушност премина под француско знаме.

Групацијата ПСА го купи „Опел/Воксал“ за 1,3 милијарди евра. Оваа операција треба да ја направи француската компанија во „европски шампион“ и да и даде нов здив на финансиски обремената филијала на „Џенерал Моторс“ (ГМ).

– Ова е нов почеток, вели 53-годишниот Фриц Лаграф, вработен во одделот за маркетинг во „Опел“, при излегувањето од средбата за информирање на персоналот организирана од работничкиот комитет во еден од огромните хангари во фабриката.

– Брендот „Опел“ ќе продолжи да зајакнува, затоа што ако ако не беше така, претпријатието немаше да биде купено. Одејќи во тој правец, не сум особено загрижен, попрво ја гледам чашата до половина полна, дополнува овој елегантен маж со тркалезни очила и проседена коса.

– Никој не веруваше дека купувањето од страна на ПСА ќе стане факт, но во целина оваа вест се прифаќа како добра и сите конечно се надеваме дека имаме перспективи и јасна визиија под раководството на ПСА, коментира проектант во „Опел“, кој побара анонимност.

Страв за работните места

И ако надежта го крепи животот, претпазливоста сепак е присутна меѓу персоналот затоа што остануваат нејаснотии по прашањето какви се долгорочните намери на ПСА, најмногу за платите и работните места.

Малкумина работници во „Опел“ сакаат да зборуваат за тоа.

– Не можам да се радувам, но не можам да гледам ниту негативно на нештата. Имам 58 години, за мене тоа би било нешто добро, младите треба да почекаат за да видат што ќе излезе од сето ова, рече работник во сина униформа, кој како и повеќето негови колеги не сакаше да си го каже името.

– Договорите за платите имаат важност до 2018 година, а се останато допрва треба да биде договорено и финално потпишано, прецизираше работникот, пред да им се приклучи на долгите колони од негови колеги кои одеа кон своите работни места.

– Нормално е да има вознемиреност, дополнува друг работник облечен во темни работнички панталони обележани со фосфорни ленти. Тој, како и многумина други, стравува од мерките за кратење на трошоците, а потоа и од нивните ефекти во идните години под управата на ПСА.

„Да оживее машината“

Основана во 1862 година од Адам Опел, компанијата „Опел“ прво произведувала машини за шиење, а потоа велосипеди, пред 1899 година да влезе во автопроизводниот сектор. Како најголем автопроизводител во Германија со децении по ред, „Опел“ беше надминат од „Фолксваген“, а од 1929 година станува дел од ГМ.

Но, брендот со молњата и нејзината британска сестра близначка „Воксал“ веќе не носеа заработка. Таа „штета“ го чинеше нејзиниот сопственик ГМ 15 милијарди долари во последните 16 години.

– Никогаш не било лесно да се работи со ГМ, не може да се каже дека „Опел“ бил силно почитуван. Со ПСА се надеваме на побалансирани односи, „Опел“ навистина има можности да влезе во зелено и тоа многу брзо, ако се има предвид дека ќе дојдат пари, изјави проектантот.

– Општо чусвство е дека овој развој на настаните дава позитивна шанса да се оживее машината, продолжува тој. – Но сепак се уште има многу нервоза меѓу колегите на производните линии, за нив постои опаснос нештата да станат покомплицирани, додава тој.

Поврзани вести

Европејците се помалку купуваат „дизелаши“... Најновите податоци за продажбата на новите автомобили на европскиот пазар покажуваат дека купувачите во Европа денес се помалку заинтересирани за вози...
ВИДЕО: Новитет на пазарот за електромобили... Основната дејност на јапонската компанија Асахи Касеи е хемиска обработка, но сепак, тие вчера со свој изум се вклучија и во трката на пазарот за елек...
Како „Порше“ стигна да продаде милион „911-ки“?... Компанијата „Порше“ на почетокот на мај го произведе јубилејниот милионит примерок од моделот „911“, најпрепознатливиот автомобил од својата гама. ...
„Киа“ го зголемува радиусот на движење на моделот ... Јужнокорејската компанија „Киа Моторс“ претстави различни подобрувања за зголемување на автон омијата во возењето на електричната верзија на моделот „...
Промоција на новиот концепт „БМВ Серија 8 Купе“... На Интернет „протекоа“ фотографиите од концептот на новиот „БМВ Купе“ во пресрет на официјалнтата премиера на овој автомобил. Ова купе со изразито ...
Новиот Рено Меган РС дебитира утре во Монако... Рено потврди дека новиот најбрз Меган ќе биде претставен на публиката во рамки на претстојниот тркачки викенд во Монте Карло. Автомобилот ќе помин...