ФОТО: Пет работи поради кои нема да ја заборавите Португалија

Porto

Porto

ФОТО: Пет работи поради кои нема да ја заборавите Португалија

Земјата на одличната храна и вино, на илјада плажи, живописни села и старите градови, би требало порано или подоцна да се најде на листата на секој патник. Португалија нуди многу, но следуваат пет работи, кои би требало да ги искусите на крајниот запад на Европа.

1. Посетете го Пиодао

Сместен во срцето на земјата, Пиодао е познат како едно на најживописните села во Португалија. Неговата архитектура и изглед се единствени, а љубезните домаќини со задоволство ќе ве примат во овој средновековен рај, сместен на брдо.

2. Истражете ја палатата Пена

Се наоѓа во гратчето Синтри, кое денеска всушност е дел од Лисабон. На самиот врв на еден рид се наоѓа оваа преубава палата изградена на урнатините на манастир, а своевремено била викендица на кралското семејство. Целосно е зачувана и обновена за посетителите.

3. Отпатувајте на Азори

Овој архипелаг ужива автономија, а го сочинуваат вкупно девет острови. Поради вулканското потекло изгледаат неверојатно, а има толку многу зеленило што имате впечаток дека сте стигнале во Ирска. Тука можете да се занимавате со речиси сите форми на рекреација: голф, нуркање, пливање, едрење или пешачење по долги патеки…Исто така не е лош ниту ноќниот живот во градовите.

4. Поминете некој ден во Порто

Porto

Порто е неправедно запоставен. Сите обично го избираат Лисабон, но и вториот по големина град во земјата нуди многу. Тоа е еден од најстарите градови во Европа, а неговиот стар град е под заштита на УНЕСКО. Историските споменици, галериите и музеите се на секој чекор, а Порто е преполн со места, на кои можете да уживте во убава храна и добро вино.

5. Лисабон

И секако посетете го Лисабон, метрополата и најголемиот град. Оние, кои го посетиле се колнат дека е еден од најубавите градови во светот, скапоцен камен на архитектурата. Музеите, историските градби ги чекаат љубителите на уметноста, а оние кои сакаат убаво да се најадат и да се напијат ќе побараат некој добар ресторан или бар.

Поврзани вести

„Туркиш ерлајнс“ воведува бесплатен интернет во ав... Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ од утре ќе нуди бесплатен интернет во авионите што патуваат за САД. Оваа понуда ќе важи за патницит...
Сопственикот на најмалиот ресторан во Данска самио... Томас Памперин е сопственик, готвач, келнер и мијач на садови во најмалиот ресторан во Данска – „Njordvest“. Овој угостителски објект може истоврем...
Европската комисија им плаќа на младите луѓе да па... Европската комисија пред неколку дена претстави програма, која треба да ги поттикне младите да патуваат во некои други европски земји, која предвидува...
Десет најпопуларни светски дестинации за секс-тури... Дестинацијата за одмор луѓето ја бираат врз основ на личните афинитети. Некои најмногу сакаат музеи и историски споменици, други се за авантура во при...
Напуштен остров во Средоземното Море, каде што луѓ... Спиналонга беше една од последните европски колонии за лепрозни, активна од 1903 до 1957 година. На овој грчки остров во Средоземното Море биле испраќ...
Од 2018 година почнуваат патнички тури до „Титаник... Патувањето на најпознатиот брод на светот „Титаник“ во 1912 година, за тој период бил врвен и луксузен настан, но очигледно исто е еден век подоцна. ...