ВИДЕО: Првата вратоврска од пајакова свила

ВИДЕО: Првата вратоврска од пајакова свила

Компанијата „Болд тредс“ го претстави својот прв производ од пајакова свила, а станува збор за ограничена серија на вратоврски.

Од компанијата тврдат дека ова е првиот производ направен од пајакова свила, а неговата цена е 314 долари.

„Болд тредс“ до сега собрала околу 90 милиони долари за реализација на својот производ, што претставува кулминација на седумгодишно истражување на тим од десетици научници, инженери, техничари и дизајнери.

Карактеристиките на свилата што ја произведува пајакот, се два до три пати појаки од кевларот, материјалот што се користи за производство на панцири.

Ден Видмајер, Дејвис Бреслејер и Итан Мирски ја основале компанијата во 2009 година, кога сфатиле дека е можно добивање на пајаковата свила што нужно не ги вклучува пајаците.

Компаниајта комбинира генетски модифициран квасец, вода и шеќер и преку ферментација ги претвора во сирова свила.

Добиниот производ има текстура на меласа, а машина го претвора во влакна што се вткаени во платното.

„Болд тредс“ креираше само 50 вратоврски што ќе можат да се купат преку лотарија на страницата на компанијата од 11 до 14 март.

Поврзани вести

ФОТО: Нов МЦТ часовник Швајцарскиот луксузен бренд за часовници МЦТ ќе го лансира на пазарот новиот врвен „МЦТ Додекал Уан Д110“. Станува збор за часовник, што е баз...
ФОТО: Совермена куќа на океанскиот брег во Канада... На островот Кејп Бретон во канадската провинција Нова Шкотска е изградена современа куќа од која се пружа прекрасен поглед кон стрмниот брег, острите ...
ФОТО: Спектакуларна планинска куќа во Чиле... Во реонот на чилеанскиот главен град Сантијаго е изградена куќата „Каза Чамисеро“, која со својата спектакуларна комбинација на структурните и естетск...
ФОТО: Италијанска минималистичка куќа... Куќата се наоѓа во градот Марсала, на Сицилија, а во ентериерот и екстериерот има различни видови на мермер. Куќата е со едноставен минималисти...
„Астрономиа октопус“ – величествен часовник... Најновиот часовник на „Јакоб енд Ко“ брендот - „Астрономиа октопус“ е неверојатно заводлив. Ова парче на часовничарска магија може да се набљудува...
ФОТО: Бонсаи дрво од плетени жици... Уметникот Метју Голоп ја специјализираше неговата компанија „Метал Бонсаи“ за уметничка изработка на бонсаи дрва од жици. Во компанијата се об...