ФОТО: Црква во форма на планински венец во Јужна Африка

ФОТО: Црква во форма на планински венец во Јужна Африка

Во јужноафриканскиот округ Виценберг е изградена несекојдневна црква, за чие изглед архитектите биле инспирирани од околниот планински венец.

Рабовите на бетонскиот покрив на црквата „Босџес Чепл“ се спуштаат и креваат создавајќи бројни синусни линии, кои на некои делови допираат речиси до земјата, за потоа да се кренат до врвот на градбата. На овој начин се добива целина која наликува на планините во нејзината близина.

Под вака дизајнираниот покрив на црквата, чија вкупна површина изнесува 420 метри кавдратни, се поставени стаклени ѕидови со високи и ниски вкрстено поставени рамки. Рамките на еден од ѕидовите формираат крст пред кој е поставена говорницата за обраќање на локалниот пастор.

Во центарот на покривот во внатрешноста на црквата се поставени панели кои наликуваат на раширени крилја, за што архитектите добике инпсирација од псалмот 36:7 од Библијата кој гласи: „Колку е неисцрпна љубовта твоја, о Господе! Луѓето наоѓаат засолниште во сенката на крилјата твои“.

Блескаво белата боја на објектот овозможува тој целосно да се „втопи“ во неговото опкружување, а нејзината структура под сјајот на сончевите зраци совршено се отсликува во блискиот базен.

Поврзани вести

ФОТО: Реновирана стара куќа во Калифорнија... Студиото „Архитект Прајнис“ реконструираше еден бунгалов во Калифорнија, изграден во 30-те години на минатиот век, давајќи му модерен дизајн без компр...
ФОТО: Куќа во американски стил... На страсните љубители на архитектурата добро им е познато името Френк Лојд Рајт, визионер кој дизајнирал градби пред своето време и се смета за еден о...
ФОТО: Нова линија на порцеланско осветлување... Дизајнерката Габриела Леви го избрала порцеланот како материјал за изработка поради неговата издржливост и разноликост. Таа креирала прекрасна...
ВИДЕО: Најелегантната трпезариска маса... Создадена со префинета елеганција, „Juggler Table“ е модерна маса, што е дело на „Sayar&Garbieh“ студиото од Бејрут, инспирирана од либанската култура...
ФОТО: Дрвото како материјал на модерното време... Архитектонското студио „Тенфифтифајв“ неодамна го комплетираше реновирањето на историска куќа сместена во австралискиот град Мелбурн. Црните ч...
ФОТО: Мистериозен затемнет стан во Киев... Користењето на светли бои е еден од основните принципи и свето правило за уредување на ентериерот. Светлите тонови визуелно ја зголемуваат прос...