ФОТО: Стара фабрика трансформирана во модерен дом

ФОТО: Стара фабрика трансформирана во модерен дом

Шпанскиот архитект Рикардо Бофил трансформираше една стара фабрика за цемент во модерн дом за неговото семејство.

Бофил за своето дело бил инспириран од бруталноста во објектот и парадоксалните елементи во фабриката, како скалите кои не водат никаде, апсурните елементи кои висат над празен простор и некорисните простории со чудни пропорции. Трансформирајќи ги овој простор во уметничко дело, тој докажал дека на секоја просторија може да и се најде намена, доколку се добро се осмисли.

Горниот дел на фабриката е претворен во спална соба. Станува збор за просторија во форма на коцка со сферни прозорци, чиј ритам потесетува на сосема поинакви метафизички перспективи.

Кујната и трпезаријата се сместени во призмениот дел. Во овој простор доминира двостран камин, кон кој совршено се вклопуваат мермерната трпезарсика маса со железни ногарки и столиците.

Во меѓу просторот е сместена собата за дневен престој во која се истакнуваат софа и клуб столови.

Изборот на елементите при декорирањето на ентериерот предизвика изненадување за оние кои ќе дознаат дека овој топол простор, некогаш бил студена бетонска фабрика.

Поврзани вести

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустри... - Јас секогаш сум иста. Но, секогаш немав еднаков третман, но се изборив. Не дозволив да ме менуваат, истакна Гајдош, која студира уметност. Таа до...
ФОТО: Реконструкција на мала колиба во удобен дом... Старата шумска колиба La Colombiere сместена недалеку од Монтреал во тек на еден проект, од едноставно и еднокатно шумско засолниште е претворено во у...
Дрвена викендичка во норвешките планини... На 1.060 метри надморска висина меѓу Осло и Берген е сместена дрвената куќичка „Устаосет Кебин“ до која нема широки патишта, па материјалите при изгра...
ФОТО: Современа куќа како засолниште од светот... Во Лос Анџелес се наоѓа семејниот дом „Хајд Аут Хаус“, кој е редизајниран од страна на архитектот Дин Брун. Сопственикот на домот, визуелниот уметн...
ФОТО: Лустер инспириран од шаховски фигури... „Кастл“ лустерот е дизајниран од стана на основачот на компанијата „Рол енд Хил“ Џејсон Милер. Алудира на арт деко стилот со своите хоризонталн...
ФОТО: Модерна куќа во Грција... Вилата „Ипсилон“ е дизајнирана од страна на лондоско-бриселското студио ЛАССА и таа на нејзините сопственици им овозможува да се качат на нејзиниот по...