Во металната индустрија многу малку жени

Во металната индустрија многу малку жени

Во секоја професија може да се биде успешен ако се сака, независно дали сте маж или жена. Предрасудите за жени-менаџери полека се надминуваат, но ако уште постојат, лесно се кршат, смета сопственичката на компанијата „Завар“ и претседател на Македонската асоцијација на металната и елетро-индустрија Марта Наумовска-Грнарова.

Според Наумовска-Грнарова, металната индустрија во која спаѓа и нејзината компанија, не е типично женска. Доминираат мажи и секогаш е малку чудно кога жена ќе се појави како претставник на некоја фирма од овој сектор. Тоа е забележливо не само во Македонија, туку и надвор.

– Се занимаваме со метална индустрија која воопшто не е типично женска. Во металната индустрија многу ретко има жени, што покажува дека тие не се доволно застапени во овој сектор, изјави денеска Наумовска-Грнарова по разговорите со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние кој ја посети „Завар“.

Секоја професија, додаде директорката, нуди различни убавини и начини за изразување. Притоа, разликите меѓу мажите и жените може позитивно да се искористат.

Амбасадорот Тимоние истакна дека Франција е многу активна во унапредувањето на правата на жените. – Тоа е вистинскиот клуч за развој и сите таленти кои се развиваат со помош на жените е добро за целото опоштество. Во политиката мажите направија голем број грешки, можеби е дојдено време да се обидеме со повеќе жени. Тешко дека ќе може да биде полошо, рече Тимоние.

„Завар“ постои од 1988 година, а се занимава со производство на висококвалитетна опрема под притисок и процесна опрема за фармацевтската и хемиската индустрија. Последните пет години, извезува 80 отсто од производство. Паралелно развива и дизајн бренд, за радијатори, кој е во подем и се пробива во светот. Наумовска -Грнарова е втора генерација и веќе 20 години работи во компанијата.

– Претпријатието може да послужи за пример, зашто извезува голем дел од своите производи, може да ја претстави Македонија во поинакво светло и да ја приближи во Европа, потенцира францускиот амбасадор.

Со оглед дека денес се слават правата на жените, дополни, беше многу важно да се избере претпријатие каде жените заземаат значајно место и се на еднакво рамниште со мажите.

Поврзани вести

Министерството за финансии објави „Граѓански буџет... За да државниот буџет биде подостапен и транспарентен за граѓаните, тимот од Министерството за финансии изработи Граѓански буџет, во кој на начин близ...
Стаменковска: СДСМ го крати планираното зголемувањ... Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ ги лаже пензионерите во Македонија и дека тие немале да добијат покач...
Просечната нето-плата во јуни 22.808 денари... Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија, во јуни годинава, изнесувала 22.808 денари и во однос на јуни лани била поголема за...
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните СДСМ ја паметат по уништувањ... ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ во кое се вели дека ќе се изедначат условите за домашните и странските инвеститори. ...
СДСМ: Со ребалансот на буџетот домашните инвестито... „Заврши времето во кое претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваше домашните фирми и ги ставаше во подредена положба на странските инвес...
Косово е втора земја во светот по невработеност на... Според Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Косово е втора земја со највисока стапка на невработеност кај младите лица во светот, по Босна и Херце...