Трчај Грујо трчај, упс Форест

Трчај Грујо трчај, упс Форест

Борбата сам против сите означува борба сам против себе

Дали ние навистина сме во 21 век или ова е само една илизуја? Македонија повеќе наликува на феудално општество од колку на модерена европски ориентирана држава. Одиш по улица и пазиш да не те нападне некој кукавички од зад грб, бидејќи се овде се кукавици. Внимаваш да не те покрадат бидејќи сите се крадци почнувајќи и од самиот режим во заминување. Па добро до кога оваа проклетија ќе не следи? Одговорот е прост дури не си заминат лаиците кои доведоа до ваква ситуација. Виртуелен поздрав добив за да јас и сите други ние предавници знаеме дека ДРПМНЕ било институција, не прашав каква иститиуција , ваљда не мислеше на психијатриска и дека ќе војувале со внатрешниот непријател. И дека Таткото на нацијата, навистина не знам кој е тој ќе свикал вондредна состојба. Очигледно ни закон не знаат бидејќи направија да законите не важат кај нас.

Па добро така наречени патриоти до каде ви оди паметот или пак ќе прашам сте ја измешале терапијата или навистина од толкава глупост во себе не знаете што да зборувате и не ни знаете како понатака во животот? Добро колку народ живее во оваа наша држава? Дали знаете дека скоро секој секому му е роднина? Дали со вашите потези не размислувате дека секој мирољубив граѓанин за да се заштити себе си и своето семејство ќе замине од Македонија? Вам ви одговара тоа? Ајде толпо една себична ставете прст и кажете збогум на тие ваши тирани кои ве злоупотребуваат, кажете збогум на лудилото и сватете дека дур вие спиевте мечкин сон на ваш својствен начин некој си полнеше џебовите а вие за се плаќавте и трпевте. Ваквиот начин резултираше со егзодус од државата и со мрачен век за сите нас. Додека тие пушеа Кохиба и летуваа на Сејшели и Израел вие пробувавте да ги спасувате. Додека тие се возеа во Мерцедеси вие го отплаќавте тој луксуз. Мислам дека е време да се соземе македонската свест и да се решиме навистина од внатрешниот непријател кој што упорно ве заблудува и ве тера кон нешто најлошо, уште граѓанска војна немало во Македонија па тие за да си ја заштитат сопствената кожичка би не втурнале сите заедно во тоа.

Треба да научиме една поука ”дур двајца се караат третиот користи” овој пат сплотеноста ќе вроди со плод, сплотеноста на целиот народ што живее во Македонија сите етникуми заедно. Не бидете маша и продолжена рака на криминалци кои не доведоа до просјачки стап, ни унишитија школство, здравство, економија, не презадолжија и ни направија раздор не отупеа и заблудеа. Дури ке се сетам на една јака поговорка “лесно можеш да наполниш уши на празна глава” факт е дека испаднавме нај проста и најлековерна нација чест на исклучоците но перењето мозок уште им успева и како и во секоја приказна што има крај ќе речам кулата од карти почна да се руши но стихијно. Легендарно прашање за сите, зошто протестирате знае некој од вас? Или одговорот лежи во сендвичот и во лековерноста и отапеноста или “за секој случај”? Сите можни неможни лаги ви се пласираат и ви го перат мозокот а вие упорни. Не сонувајте дека ќе има војна народов наш не сака војна сака леб и работа, сака живот, сакаме здравје а не пустош. Сакаме здравствени установи каде ќе се раѓа живот а не СМРТ. Тодорофф веќе знае што значи здравствен хаос и смрт тој го измисли ќе му доделиме орден за тоа. Следува ревизија на досега искраденото упс сработеното. Инаку веќе се е јасно полтроните, пулените, гласноговорниците и крвниците на ДРПМНЕ почнаа да бегаат фирерот останува сам. Затоа трчај, трчај Грујо и не окреќи се сине.

Ангелчо Андоновски

Поврзани вести

Мерал Груби: Ми ветија „Живот во Македонија“ и од ... Мерал Груби, која поради презимето ја поврзуваат со функционерот на ДУИ, Артан Грубу појаснува дека нејзиниот сопруг е роднина со него, но дека таа не...
Крајот на играта Може ли, смее ли да се молчи во вакви моменти кога градскиот ,,татко“ , а без сомнение татко насилник, заедно со својата банда насилници и збирштина о...
Како го запознав министерот за здравство, д-р Арбе... За докторот Таравари првпат слушнав пред неколку години од моите родители, кои не штедеа убави зборови за неговото работење како невролог. Паметам дек...
Како Русите нѐ спасија од Груевски?... Во ситуации кога требаат да ја одбранат лојалноста кон сопственото политичко убедување, има некоја сличност во менталниот склоп помеѓу поразените сили...
Отворено писмо до премиерот Зоран Заев... „Почитуван премиере Заев, Ова е отворено писмо до Вас за што ни на момент не се двоумев или колебав да го напишам. Напротив, чувствував посебна од...
Стечајна фирма на поправен испит... Не сум економист но едно знам најтешко е една фирма кога ќе влезе во стечај , многу е тешко , дури и невозможно да се успее повторно да се исправи на ...