Уставот и државата се свети и нив не смее да ги чепка никој!

Уставот и државата се свети и нив не смее да ги чепка никој!

Дожд од националистичко „патриотски” пораки, ех мој чудесен Балкане.

Ај од овде „Азискиот дел“ (како што некои мои соседи Срби, Албанци, Роми, Македонци… милуваат да го наречат по ново познатото старо Кумановско Пиротско мало) да прашам кои се вистинските патриоти?

Вие господине Рама со вашите изјави дополнително му давате ветар во грб на корумпираниот режим кој што е на заминување, оставете не нас во Македонија ние ги споделуваме и ќе ги решаваме нашите проблеми заедно а тие се исти како и Вашите почитуван соседу, глад, беспарица, корупција, криминал… не дефокусирајте од Вашето секојдневие, оваа овде е наша борба.

Македонија дали ќе постои не зависи од Вас, таа постоела и опстоила низ векови благодарејќи на нејзините граѓани и пријатели кои веруваат во живот за сите.

И на крај една порака до оние „патриотите“ што шкртаат пред врати и под прозори, тепаат новинари и повикуваат на линч:

– Лесно е да се биде патриот во моноетничко опкружување, дојди живеј само еден ден тука со нас и ќе ја разбереш суштината на мултиетницизмот.

Некои многу одамна за џакови пари ги продадоа нивните имоти и си заминаа, денеска некои однив се најгласните патриоти, но ние останавме тука на дедовината, веројатно поради тоа денеска сме предавници.

Јас ќе ја продолжам мојата борба против сегрегација, кантонизација и гетоизација бидејќи верувам во општество за сите.

Уставот и државата се свети и нив не смее да ги чепка никој!

Максим Димитриевски

Поврзани вести

Мерал Груби: Ми ветија „Живот во Македонија“ и од ... Мерал Груби, која поради презимето ја поврзуваат со функционерот на ДУИ, Артан Грубу појаснува дека нејзиниот сопруг е роднина со него, но дека таа не...
Крајот на играта Може ли, смее ли да се молчи во вакви моменти кога градскиот ,,татко“ , а без сомнение татко насилник, заедно со својата банда насилници и збирштина о...
Како го запознав министерот за здравство, д-р Арбе... За докторот Таравари првпат слушнав пред неколку години од моите родители, кои не штедеа убави зборови за неговото работење како невролог. Паметам дек...
Како Русите нѐ спасија од Груевски?... Во ситуации кога требаат да ја одбранат лојалноста кон сопственото политичко убедување, има некоја сличност во менталниот склоп помеѓу поразените сили...
Отворено писмо до премиерот Зоран Заев... „Почитуван премиере Заев, Ова е отворено писмо до Вас за што ни на момент не се двоумев или колебав да го напишам. Напротив, чувствував посебна од...
Стечајна фирма на поправен испит... Не сум економист но едно знам најтешко е една фирма кога ќе влезе во стечај , многу е тешко , дури и невозможно да се успее повторно да се исправи на ...