Могерини на почетокот на март ќе ги посети Балканот и Македонија

Могерини на почетокот на март ќе ги посети Балканот и Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на почетокот на идниот месец ќе оствари мини-турнеја низ балканските држави, при што ќе ја посети и Република Македонија, известија од кабинетот на Могерини.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од 1 до 4 март, Италијанката на чело на европската безбедносна и надворешна политика ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија.

Во пресрет на оваа посета, високата претставничка на ЕУ изјави дека оваа нејзина мини-турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.

– За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст, порачува Могерини.

За време на посетата на регионот, планирано е Могерини да се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, но и со претставници на политичките партии и на парламентите. Таа ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ за оваа посета на Советот за надворешни работи идниот месец.

Поврзани вести

Судот не го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ... Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје одлучиле да не го замрзнат имотот на...
(ВИДЕО) Чокалова-Дервишева: Го сменија статутот за... Претседалката на здружението на приватни лекари на Република Македонија, Лилјана Чокалова Дервишева обвини дека претходниот состав на Лекарската Комор...
Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, темп... Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер. Утринската темп...
Џафери се сретна со претставничката на УНДП во Мак... Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со претставничката на Програмата за развој на Обединетите наци...
СДСМ Гази Баба: Новата Влада ќе обезбеди нови учил... „Новата реформска Влада ќе обезбеди современи програми и услови за образование на ученици и тој процес ќе се остварува заеднички со новите локални вла...
Заев до Меј: Најостро го осудуваме терористичкиот ... Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати Телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј и до граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Бр...