(ВИДЕО) Фетаи: Судијата направил интелектуален фалсификат, ќе поднесеме постапка за таквото поведение

(ВИДЕО) Фетаи: Судијата направил интелектуален фалсификат, ќе поднесеме постапка за таквото поведение

Во делот на јавноста, судијата направил интелектуален фалсификат и дел од новинарите кои беа присутни на претходното рочиште се сведоци на тоа дека кога јас како застапник на обвинението и одбраната се произнесувавме во однос на употребливоста на незаконски следените разговори како докази, јавноста беше исклучена, а откако се вративте судијата прочита на тивок глас дел од тоа што беше кажано од наша страна, рече обвинителката Фатиме Фетаи по судењето за шамарите во Центар.

– Во записникот е наведена обратна ситуација, дека јас сум се произнела во присуство на јавноста, одбраната на обвинитетиот и дека јавноста била исклучена единствено кога се слушале аудио снимките, што не е точно. Има и други работи кои се невистинито внесени во записникот, затоа ја бараме снимката од судењето на која имаме право согласно одредбата од член 374 од законот за кривична постапка во рок од 24 часа, а од 16 декември до денеска е поминат подолг временски период, рече Фетаи.

Таа нагласи дека за интелектуалниот фалсификат кој според неа е направен од судијата има соодветна кривично-правна норма предвидена од кривичниот законик која го санкционира ваквото поведение, а предвидени се и други постапки.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека самиот записник не соодветствува со фактичката состојба на денот кога беше првото рочиште и дека тие согласно законот имаат право на видео и аудио снимка која не им била доставена.

– Во прирпрема е и пријавата, но не знаеме зошто предметот ќе го праќа во Советот на јавни обвинители, тоа е многу смешно, а ние ќе го известиме советот за оваа ситуација. Судот не може да го одземе случајот, ние имаме снимки, рече Јанева.

Поврзани вести

Иванов на инагурацијата на Вучиќ... Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва во Белград присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на претседателот на ...
Тешко повредена кавадарчанка откако автомобил удри... Со тешки телесни повреди се здобила вечерва кавадарчанка, родена 1959 година, откако автомобил удрил во неа во новиот центар на Кавадарци, во близина ...
Во Гевгелија и во Демир Капија измерени 38 степени... Највисока температура денеска е измерена во Гевгелија и Демир Капија 38 степени, во Струмица 36, во Скопје на Зајчев Рид и во Штип 35, во Скопје Петро...
Средба Џафери-Бренде: Поддршка за реформските проц... Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борг...
Утре ќе биде сончево и топло, УВ-индексот ќе има в... Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со поро...
Османи-Пломп: Холандија отсекогаш била еден од нај... Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп...