Пол Макартни и Ринго Стар работат на заеднички проект

Пол Макартни и Ринго Стар работат на заеднички проект

Некогашните членови на култниот бенд „Битлси“, Пол Макартни и Ринго Стар по седум години повторно ги здружија силите и ќе работат на заеднички музички проект.

Имено, Макартни ќе биде бас-гитаристот на најновиот албум на својот колега, потврди за медиумите портпаролот на Стар.

Продуцентот на неговиот последен аблум, Брус Шугар пак на Фејсбук објави своја стара фотографија со „Битлси“ во студио, под која напиша дека тоа бил „прекрасан ден“, поради што се појавија гласини дека и тој ќе биде вклучен во проектот. Ним ќе им се придружи и гитаристот на „Иглс“, Џо Волш.

Оваа соработка меѓу двајцата славни музичари ќе биде прва по 2010 година, по издавањето на албумот на Стар, „S Not”. Таму Пол исто така свиреше бас-гитара во песната „Peace Dream“ и пееше во „Wаlk With You”.

– Благодарам што дојде и што отсвири одличен бас. Те сакам, старче, мир и љубов, напиша поранешниот тапанар на „Битлси“ на Твитер.

Од славната четворка на „бубачките“, денес се живи само Макартни и Стар. Џон Ленон беше убиен во 1980, а Џорџ Харисон почина од рак во 2001.

Насловот на новиот албум на Ринго Стар се уште не е познат.

Поврзани вести

ВИДЕО: Садел по едно дрво на ден и за 37 години од... Неконтролираната сеча на дрвја придонесе најголемиот остров на реката Брамапутра, Маџули - од богата шума да се претвори во пустина, без речиси никако...
Остров, кој половина година припаѓа на една, а пол... Во покраината Баскија, меѓу северниот шпански град Ирун и југозападниот француски град Хендаја, тече реката Бидасоа. На средината на реката, која ги р...
Говорот на телото може да биде знак дека партнерот... Ако се сомневате дека вашиот партнер е неверен, веројатно ќе преземете некои одредени чекори, како проверка на неговиот телефон, за да ја дознаете вис...
Принцовите Вилијам и Хари со улоги во осмиот дел о... Британските принцови Вилијам и Хари најверојатно ќе ги видиме во осмиот филм од сагата „Војна на ѕвездите", иако овие наводи се уште не се официјално ...
Целосно сончево затемнување над САД... Првпат по 99 години, денеска ќе се случи целосно сончево затемнување над САД, од западниот па се до источниот брег. Оваа појава предизвика огромен ...
„Птици“ на Хичкок како серија... Култниот филм на Алфред Хичкок „Птици“ ќе се појави како телевизиска серија во продукција на британската телевизија Би-Би-Си. Серијата повеќе ќе се...