ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се чувствува добро само во состојба на криза

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се чувствува добро само во состојба на криза

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на на соопштението на СДСМ на тема финансии.

„СДСМ има алергиска реакција на секоја позитивна изјава за Македонија. Во спротивно, ќе прочиташе дека агенцијата Фич има само пофални зборови и за фискалната и за монетарната политика на Македонија.

Она што Фич го гледа како закана за економијата и поради што не го покачи рејтингот е политичката криза во која СДСМ ја втурна Македонија, иако според економските перформанси нашата земја заслужува повисок рејтинг.

Тоа е се што аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружување од СДСМ знаат да го прават. Да креираат кризи и да се трудат земјата да се наоѓа во хаос и агонија, бидејќи СДСМ се чувствува најдобро само во состојба на криза.

СДСМ нема идеи и проекти за економски развој, туку само за деструкција. СДСМ докажа дека не само што не знае да креира нови работни места, туку знае единствено да брка 200.000 луѓе од работа и да затвора 684 фабрики. Сивата економија цветаше во време на СДСМ. Проневерените милијарди за кои ја задолжи земјата СДСМ ги додаде на контото на нивните транзициски олигарси.
Денес СДСМ се труди со сите расположливи сили да ја продолжи кризата во Македонија и состојбата на хаос која ја предизвика, бидејќи СДСМ не сака Македонија да оди напред, туку да остане онаму каде што СДСМ ја остави – во економски пустош и безперспективност.

Граѓаните знаат дека агенцијата Фич нема пофални зборови за економскиот модел „Евро за Вицето“ на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, ниту пак дека Македонија ќе оди напред со помош на шемите за издавање станови сами на себе на Шекеринска и Шилегов.

Затоа СДСМ беше казнет од граѓаните на 11-ти декември кои мнозински одлучија 10-ти пат по ред да ја даде масовно својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ“ пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Продолжи координацијата за Комисијата за прашања н... Во Собранието на Република Македонија денеска продолжи координативната средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за...
Јанева: УЈП и Министерството за финансии дозволиле... Голем број обезбедени материјални од 2008 до 2015 година укажуваат дека Управата за јавни приходи и Миннистерството за финасии дозволиле поединци и м...
Состојба на патишта Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Ко...
ВО ЖИВО: Прес конференција на СЈО... Следете ја во живо прес конференцијата на Специјалното јавно обвинителство. На официјалниот Фејсбук профил на обвинителството вчера тие напишаа „Т...
Попоски учествуваше на самитот против ИСИС во Ваши... Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски вчера учествуваше на состанокот на коалицијата за борба против Исламската д...
Цаноски: Кочан и „Трансмет“ го уриваа „Космос“... Сефер Цаноски, син Фијат Цаноски чиј објект „Космос“ беше урнат на својот ФБ профил потсетува дека токму Сеат Кочан и неговата фирма „Трансмет“ беа ан...