ММДЧП ја осудува Резолуцијата на Европскиот парламент

ММДЧП ја осудува Резолуцијата на Европскиот парламент

„Дали Европскиот парламент е неинформиран, или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето „бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население. Па уште и „препорачува, правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса.“ Чувствата би биле прекрасни, но само ако ја идентификувале вистинската етничка припадност на тоа население.

Европскиот парламент, со оваа ‘бескрајна мудрост’, само и’ помагаат на Бугарија во нејзината мисија да го искоренат постоењето на македонското малцинство и на се’ што е македонско. Истовремено, Европската Унија продолжува со својата политика да и’ помага на Грција, играјќи заедно со неа во вештачки-создадениот спор за името и обраќајќи и’ се на Македонија (по налог на Грција) со „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Дури и ако треба да се одговори на таков арогантен и расистички извештај – со кој што се тврди дека една етничка група, во име на држава која што се обидува да ја уништи – само ја докажува ирелевантноста на таквите европски институции. Да нема дилеми, населението во овие области е македонско и тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од страна на истите тие европски институции, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент, како и меѓународните организации за човекови права. А уште подобро би било доколку европратениците кои што гласаа за оваа апсурдна резолуција, нека одат и нека ги посетат Мала Преспа и Голо Брдо, нека ги видат таму македонските развиорени знамиња и нека поразговараат со локалното население кое што веќе ја осуди оваа резолуција.

Европската Унија и Евро-парламентот продолжуват да им помагаат на своите држави-членки, Грција и Бугарија, во нивната бесрамна анти-македонска надворешна политика. И сега што имаме – неинформираност или анти-македонска политика? Се чини дека е сепак тоа второто. А ние чекаме за одговор – во прилог на итно повлекување на оваа бизарна резолуција“ велат од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Поврзани вести

Состојба на патишта Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Ко...
ВО ЖИВО: Прес конференција на СЈО... Следете ја во живо прес конференцијата на Специјалното јавно обвинителство. На официјалниот Фејсбук профил на обвинителството вчера тие напишаа „Т...
Попоски учествуваше на самитот против ИСИС во Ваши... Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски вчера учествуваше на состанокот на коалицијата за борба против Исламската д...
Цаноски: Кочан и „Трансмет“ го уриваа „Космос“... Сефер Цаноски, син Фијат Цаноски чиј објект „Космос“ беше урнат на својот ФБ профил потсетува дека токму Сеат Кочан и неговата фирма „Трансмет“ беа ан...
СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат пар... „Мора да се одблокираат парламентарните процедури и соглаласно Деловкикот што побрзо да се избере претседател на Собранието. Новиот претседател на ...
Тешко повредени велосипедист и пешак во Скопје... Велосипедист и пешак се тешко повредени, а пет лица се здобиле со полесни повреди во шест од десет регистрирани сообраќајки вчера на подрачјето на Ско...