ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му следува затвор ако одговара за делата за кои е обвинет

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му следува затвор ако одговара за делата за кои е обвинет

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека на лидерот на СДСМ Зоран Заев му следува казна затвор од девет години доколку биде прогласен за виновен по двете дела за кои е обвинет, односно за примање поткуп и за насилство кон претставници на највисоките државни органи.

– Казна затвор од 5 години му следи на секој што прима поткуп. Ова го вели кривичниот закон на Република Македонија во членот 357. Казна затвор во времетраење од 4 години му следи на секој што ќе стори насилство кон претставници на највисоките државни органи. И ова дело е опфатено со кривичниот закон, членот 311, рече Драган Даев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ е подготвен на секакви отстапки само да ја сочува својата слобода и да не одговара за двете дела за кои е обвинет.

– Затоа пред Заев се две можности или да се обиде по секоја цена, ветувајќи се и сешто да ја заобиколи волјата на народот и да дојде на власт или да се помири со фактот дека наредните години ќе ги помине во казнено-поправниот дом Идризово, истакна Данев.

Поврзани вести

Адаптирано возило за здружението на граѓани „Мобил... Адаптирано возило денеска доби здружението „Мобилност“ во кое членуваат лицата со хендикеп од општините Велес, Градско и Чашка. Возилото во вредно...
(ВИДЕО) Јанева: Разговаравме за повеќе случаи, не ... Не разговаравме конкретно за „Пуч“, туку за повеќе случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, рече обвинителката Катица Јанева по средбата...
На Институтот за белодробни заболувања нова опрема... На Институтот за белодробни заболувања со набавката на нова опрема се воведува нова метода за интервентна бронхоскопија со еден тип крио терапија со ш...
(ВИДЕО) Бочварски: Вработените во Железници веднаш... „На Македонија итно и е потребна нова одговорна Влада која вистински ќе се грижи за потребите на граѓаните. Целиот железнички сообраќај веќе трет д...
(ВИДЕО) Андоновски: На Клиниката за гинекологија б... „Овде сме да порачаме дека ваква несериозна власт никогаш повеќе не смее да и се повтори на Република Македонија. Никола Тодоров и здравствените влас...
Двајца повредени и седум приведени по натпреварот ... Две 15-годишни момчиња од Скопје и Кичево, вчера во 13 и 30 часот, биле физички нападнати од група од 20 до 30 лица, најверојатно навивачи на ФК „Шкуп...