Германците повеќе се плашат од Трамп одошто од Путин

Германците повеќе се плашат од Трамп одошто од Путин

Германските граѓани се повеќе загрижени од политиките на претседателот на САД Доналд Трамп одошто од рускиот претседател Владимир Путин покажува анкетата објавена денеска од страна на германскиот јавен телевизиски сервис ЦДФ.

Резултатите од истражувањето спроведено на 15 и 16 февруари покажуваат дека Ангела Меркел која што бара нов мандат за канцелар на изборите во септември треба да внимава на незадоволството од Трамп меѓу гласачите во Германија.

Дури 78 отсто од Германците или 16 отсто повеќе од јануари се загрижени од однесувањето на Трамп на глобалната политичка сцена. За споредба во политките на Путин загрижени се 58 отстоод гласачите, а 40 проценти немаат големи грижи околу актуелната руска политика.

Колку политиките на Трамп имаат влијание на германските политички состојби покажува и резултатот од анкетата, според кој партијата СПД чиј што кандидат за канцелар Мартин Шулц отворено го критикуваше Трамп како безбедносна закана е поприфатлив за јавноста од Меркел, а неговата партија за само еден месец добила 6 отсто поголема поддршка.

Сега ЦДУ/ЦСУ има 34 отсто рејтинг или 2 отсто помалку од јануари наспроти 30 проценти за СПД. Во јануари разликата во рејтингот меѓу двете најголеми германски партии била 36 отсто наспроти 24 проценти во корист на сестринскиот блок ЦДУ/ЦСУ на Ангела Меркел.

Според анкетата довербата во партијата „Левица“ паднала за 3 отсто и сега е на ниво од 7 отсто, а намалување на рејтингот има и кај „Зелените“ и кај антиимигрантската „Алтернатива за Германија“ кои што сега имаат 9, односно отсто доверба кај гласачите.

Поврзани вести

Меј: Во октомври ќе се изведе голема контратрерори... Велика Британија ќе изведе голема контратерористичка вежба во октомври во делови Шкотска и северна Англија, изјави денеска премиерката Тереза Меј, нек...
Француската десница бара истрага за „кабинетот во ... Шестмина истакнати лидери на француската конзервативна партија Републиканци (ЛР) се обратија официјално до јавниот обвинител на Париз и до Јавното фин...
Германија со критики за властите во Москва и Минск... Германската Влада денеска го критикуваше вчерашното апсењето на стотици опозициски демонстранти, кои во Москва и други градови протестираа против руск...
Кремљ ги отфрли повиците на САД и ЕУ за ослободува... ремљ денеска ги отфрли повиците на САД и Европската унија за ослободување на демонстрантите уапсени за време на недозволените демонстрации вчера и ги ...
НАТО вложува три милијарди евра во нови технологии... НАТО планира да вложи три милијарди евра заради унапредување на сателитските и компјутерските технологии во следните три години, изјави висок функцион...
Џонсон: Анкара ќе остане незаменлив партнер на Вел... Турција ќе остане една од клучните партнери на Велика Британија по излегувањето од Европската унија, изјави британскиот министер за надворешни работи,...