Тони Блер тргнува во мисија за промена на одлуката на Британците за Брегзит

Тони Блер тргнува во мисија за промена на одлуката на Британците за Брегзит

Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе почне мисија за промена на одлуката на Британците за Брегзит.

Во текот на денешнипт ден тој ќе оддржи говор во кој ќе ги истакне аргументите дека напуштањето на Унијата е закана за иднината на Велика Британија, пренесоа британските медиуми.

Премиерката Тереза Меј изјави дека во март ќе го активира член 50 од Лисабонскиот договор и ќе го почне процесот за излез од ЕУ. Плановите се за конечен прекин со ЕУ, вклучувајќи го и излегувањето од заедничкиот европски пазар. Меј ги предупреди британските политичари да не го попречуваат Брегзитот.

Но, во рамки на своето прво политичко појавување по референдумот од јуни минатата година Блер денеска ќе повика на обединување на противниците на Брегзитот, изјавувајќи дека при изјаснувањето на референдумот не било доволно јасно што значи да се поддржи излезот, како и дека владата го фатила курсот кон „Брегзит по секоја цена“.

-Луѓето гласаа без да знаат какви се вистинските последици на Брегзитот. Со времето, меѓутоа, овие последици стануваат се појасни и затоа нивно право е да ја сменат својата одлука, ќе наведе Блер во својот говор пред проевропската организација „Отворена Велика Британија“.

„Нашата мисија е да ги убедиме тоа да го направат“, подвлече тој.

Блер, кој беше британски премиер од 1997 до 2007 година, уште ќе каже дека меѓу ризиците кои ги крие излезот од ЕУ, е и прашањето за распад на Велика Британија, кој, според него, „повторно е на маса“.

Поврзани вести

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сли... Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на посмртните останки на познатиот шпански сликар-надреалист Салвадор Дали, со цел да се земат примеро...
Врховниот суд му дозволи на Трамп да ја примени за... Врховниот суд ќе и дозволи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја применува забраната за патување во САД на патниците од ...
Заврши изградбата на најголемата џамија во Киргист... Турската Дирекција за религиозни прашања ја заврши изградбата на најголемата џамија во Киргистан, која започна во 2012 година. Џамијата, која се на...
ПССЕ ја назначи групата на експерти кои ќе ја истр... Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја ратификува одлуката на своето биро за назначување на тричелна независна надворешна група за истрага, ...
Порошенко и Макрон одлучни за завршување на украин... Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Петро Порошенко денеска изразија надеж дека ќе има напредок во решавањето на судиро...
Италијанската левица стравува од враќање на Берлус... Италијанските десничарски партии, кои победија на локалните избори, се надеваат дека поранешниот премиер Силвио Берлускони ќе се врати на политичка сц...