Поранешниот технички директор на Ферари се сели во Мерцедес

Поранешниот технички директор на Ферари се сели во Мерцедес

Познатиот Ф1 инженер Џејмс Алисон кој што минатата година го раскина договорот со Ферари, од оваа сезона е нов технички директор на Мерцедес, соопштуваат од германско-британскиот тим.

Алисон може да се пофали со седум титули во Формула 1 во периодот од 2000. до 2006. година со тимовите на Ферари и Рено, за да неколку години подоцна се истакне и како технички директор на Лотус, кога креираше одличен болид со кој што Кими Раиконен успеа да стигне до неколку победи.

Заедно со Раиконен британецот се врати во Ферари, меѓутоа таа соработка не вроди со плод, па минатата година го прекинаа договорот, објаснувајќи дека му е потребен одмор, по смртта на неговата сопруга.

Но сега се враќа во најсилниот Ф1 тим.

„Возбуден сум што се враќам на работа по кратката пауза. Привилегија е да се добие ваква позиција во тим кој што имаше спектакуларни резултати во изминатите три сезони“ изјави Џејмс Алисон по потпишувањето со Мерцедес, кој во оваа сезона како возачи ги има Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Поврзани вести

Фетел победник во Австралија... Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Австралија, со која утринава стартуваше новиот шампионат во Формула 1....
Хамилтон: Очекувам неизвесна трка во Мелбурн... Британецот Луис Хамилтон денеска ја освои пол-позицијата за трката од Формула 1 шампионотат што утре ќе се вози за Големата награда на Австралија. За ...
Пол-позицијата во Мелбурн за Хамилтон... Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе тргне од првата стартна позиција на трката за Големата награда на Австралија со која ќе биде отворена новата сез...
Календар на Формула 1 трки за 2017 година, возачи,... Календар на Формула 1 трки за 2017 година: 26.03 Австралија Мелбурн 09.04 Кина Шангај 16.04 Бахреин Шакир 30.04 Русија Сочи 14.05 Шпани...
Форс Индија доби нов главен спонзор и целосно ја с... Тимот на Форс Индија се одлучи за целосна визуелна промена на болидот во пресрет на првата трка од овогодинешната сезона, во согласност со нивниот нов...
Кими Раиконен го постави најбрзото време на тренин... Денеска беше последниот ден од тестирањата во Барселона пред почетокот на новата сезона, а возачот на Ферари, Кими Раиконен го заврши денот, но и вкуп...