ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

„Центарот за развој на медиуми ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур целосно да ги прифати аргументите на шестте новинари кои поднесоа апликација пред ЕСЧП против државата Македонија за повреда слободата на изразување, а во врска со настаните од 24 декември 2012, кога насилно беа исфрлени од Пленарната сала на Собранието.

Судот во Стразбур потврди и дека на шестте колеги им е повредено и правото на фер судење, поради одлуката на Уставниот суд да не организира усмена расправа по барањето за заштита на нивното право на слобода на изразување.
Им честитаме на колегите Насер Селмани, Тони Ангеловски, Билјана Дамеска, Фросина Факова, Снежана Лупевска и Наташа Стојановска на победата во Стразбур, значајна победа во борбата за правата на медиумите и новинарите и во борбата за слободата на изразувањето во Македонија. Оваа одлука, исто така, е значаен меѓник во борбата за слободата на изразувањето во Македонија.

Убедени сме дека секоја идна власт сериозно ќе размисли пред да превземе каква било акција со која би ги спречила македонските новинари да известуваат за прашања од јавен интерес и да ја вршат својата функција на контролор на секоја власт, вклучително и законодавната.

Оваа одлука и официјално е дел од судската пракса на ЕСЧП, што значи дека таа ќе може да се користи за заштита на правата на сите новинари и медиуми во државите што се наоѓаат под јурисдикција на Судот во Стразбур.

Им честитаме и на адвокатите од адвокатската канцеларија „Медарски“, кои веќе неколку години се наши партнери во напорите на македонските новинари и медиуми да им обезбедиме квалитетна правна помош и застапување пред судовите, а со цел да ги ослободиме од секаков вид на правосудни притисоци на кои се изложени.

Центарот за развој на медиуми е горд на фактот што, како дел од програмата „Национални центри за одбрана на медиумите“ што ја спроведува во партнерство со Иницијативата за правна заштита за медиумите (Media legal defense initiative MLDI), организација со седиште во Лондон, Велика Британија, даде придонес кон борбата на нашите колеги за правда и обезбедивме покривање на трошоците на постапката пред ЕКЧП.

Инаку, шестте новинари, во тужбата до ЕСЧП бараа заштита по основ на Член 6 од Европската конвенција за човекови права – право на фер судење, право кое сметаа дека им е ускратено поради одлуката на Уставниот суд на РМ да не одржи устен претрес во процедурата по поднесеното барање за заштита на правата во врска со настаните од 24 декември 2012 година.

Исто така, новинарите бараа заштита и по основ на Член 10 од Конвенцијата – слобода на изразување, право кое им беше повредено на 24 декември 2012 година, кога насилно беа исфрлени од Пленарната сала на Собранието на РМ за да не можат да известуваат за исфрлувањето на опозициските пратеници од расправата за Буџетот за 2013 година“, се вели во соопштението на ЦРМ.

Поврзани вести

Реакција од Општина Кисела Вода... „Почитувани, во врска со вашиот текст под наслов “Мирен протест на жителите од „11 Октомври“ на булеварот „Борис Трајковски“, во насока на целосното, ...
Тимоние: Што побрзо да се најде решение за политич... Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска во Битола изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се н...
Димовски: Во Туфегџиќ го препознавам гласот на Сор... - Во Ивана Туфегџиќ не го препознавам гласот на иселените, нивните родители или сиромашните, туку гласот на Сорос, рече Илија Димовски во реплика на Т...
Без струја утре делови од Кисела Вода и Зелениково... Без електрична енергија утре од 06:30 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците од населба Драчево, делот кај ТИПО, делот кон село Долно Лисиче, се...
Здравствен дом Куманово ќе добие донација санитетс... Санитетско возило за кумановската Итна помош ќе донира Амбасадата на Словачка во Македонија, соопштија на денешната прес-конференција директорот на Зд...
СДСМ: Груевски е изолиран политичар, ниту едно лоб... „Пораките во Резолуцијата усвоена од Европската народна партија се уште еден доказ дека Груевски е изолиран политичар која ја изгуби довербата од сите...