ВИДЕО: По земјотресите, Јапонија ја погоди и цунами

ВИДЕО: По земјотресите, Јапонија ја погоди и цунами

Цунами висок еден метар удри во североисточното крајбрежје на Јапонија, по земјотресот со јачина 7.3 степени по Рихтер. Нема извештај за материјална штета и жртви. Во Фукушима е безбедно.

По првиот земјотрес, регистриран е уште еден од 6.2 степени, а веднаш потоа е издадено предупредување и е наредена евакуација во некои места кои се наоѓаат на брегот.

Епицентарот на земјотресот бил во океанот на длабочина од 36 километри, оддалечен 245км од брегот, а од Токио 492км.

40 минути подоцна имало и трет потрес од 5.5 степени според Рихтер, а епицентарот бил уште поблиску до брегот.

Властите предупредија дека на префектурата Мијаги, и се закануваат бранови со висина од 50цм до 2 метра, но дека тие нема да имаат разорна моќ.

Поврзани вести

Четворица од петмината загинати во нападот во Мекс... Меѓу петте лица, кои се убиени рано изутрината во вооружениот напад во ноќен клуб за време на музички фестивал во Мексико се двајца канадски државјани...
Столтенберг верува дека САД ќе останат силно ангаж... Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, е уверен дека новата американска администрација ќе остане ангажирана во Северноатлантската алијанса, из...
Американски маринци се распоредуваат во Норвешка... Околу 300 американски маринци пристигнаа денеска во Норвешка. Распоредувањето на американските сили, кое е од ротациски тип е претставено како едно...
ВИДЕО:Неколкумина убиени во вооружен напад во ноќе... Неколку лица се убиени во ноќниот клуб „Блу перот“, во мексиканскиот град Плаја дел Кармен. Според првичните информации, убиени се пет лица, но ов...
Трамп: ЕУ е инструмент на Германија, а по Британиј... Доналд Трамп оцени дека Европската Унија станала инструмент за Германија и дека по Велика Британија, и други земји членки ќе ја напуштат Унијата. В...
Пронајдени седум тела на мигранти кај Гибралтар... Шпанската поморска спасувачка служба за време на викендов пронашла седум тела на африкански мигранти кај морскиот теснец Гибралтар. Последните жртв...