Цела Европа се шегува со Трамп: Америка на прво место, кој сака да е втор?

Цела Европа се шегува со Трамп: Америка на прво место, кој сака да е втор?

По примерот со видеото во кое што Холанѓаните му ја претставуваа својата земја на Доналд Трамп и останатите земји од Европа почнуваат со слични видеа да се шегуваат со новиот американски претседател.

Швајцарија

Швајцарија е втората земја, по Холандија која што излезе со видео „Америка на прво место, Швајцарија на второ“. За ова видео се заслужни од шоуто Девил Лејт Најт кое оди на телевизијата СРФ.

„Ние не сме рамни како Холандија. Тие се многу рамни, тоа е катастрофа“ се вели во видеото од Швајарија.

Данска

Следна беше Данска со снимката емитувана на ТВ2.

„Имаме модерни супер-ветерници кои прават убава чиста обновлива енергија. Но без грижа, може да ги промениме во нафтени ветерници. Нема никаков проблем“ е данската порака за Трамп.

Германија

После Данска следуваше Германија со својата снимка објавена на телевизијата ЗДФ.

„Германија беше домаќин на две светски војни во последните 100 години и тоа биле најдобрите светски војни на светот, а ние победивме и во двете. Секоја вест која ќе каже поинаку е лажна. Точка“ се шегуваат Германците.

Белгија

Де Идела Верелд ја снимија порака за Белгија.

„АББА е најславниот белгиски бенд во историјата. Всушност тие се Швеѓани, но според алтернативните факти, сепак се Белгијци. Се заколнуваме“ се вели во белгиската снимка.

Португалија

„Го укинавме ропството во 1751. година. Повеќе од 100 години пред САД. Помирете се со тоа. Не би била лоша идеја и вие да го направите истото во вашите фирми, односно фирмовите на вашите синови“ заклучуваат од Португалија.

Литванија

„Ние сме центарот на Европа и најдобрата земја во Европа. Точка. Сите останати се губитници. Дали се во центарот? Не, ние сме“ велат Литванците.

Направен е и веб сајт www.everysecondcounts.eu, на кој што се поставени сите досега снимени видеа и оставен е простор и за видеа од останатите држави.

Поврзани вести

Патнички автобус изгоре кај патарината Скопје R... Патнички автобус кој се враќал од сервис синоќа се запалил во близина на патарината Скопје - Тетово. Нема жртви и повредени, но причинета е позначител...
Сончево со температура до 26 степени... Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Преку ден ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската тем...
СЈО закажа прес конференција: „Транспортер носи то... Специјалното јавно обвинителство за утре, четврток, најави прес конференција со почеток во 11 часот. Интересен беше начинот на кој што беше соопште...
Костовски: Не сум имал физички контакт со учесници... Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски на денешната прес-конференција негираше дека имал физички контакт со учес...
НСДП: Над 700 илајди граѓани се определија за ново... „Најголемиот виновник за политичката криза упорно се обидува да се наметне како дел од решението на проблемот кој тој го создаде. Наместо да овозможи ...
Демант: „Метаморфозис“ не организира протести!... „Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење на новите технологии за да бидат поефикас...