По протестите во Букурешт притворени 79 лица, повредени осум жандарми и четворица демонстранти

По протестите во Букурешт притворени 79 лица, повредени осум жандарми и четворица демонстранти

Романската полиција, синоќа, по насилните протести на Плоштадот на победата во Букурешт, на сослушување привела седумдесет и девет лица, пренесе Аџерпрес, повикувајќи се на силите на редот.

Министерката за внатрешни работи Кармен Дан денеска соопшти дека на приведените им биле покренати обвиненија за напад врз лица на должност и за нарушување на јвниот ред и мир. Имало и еден случај на поседување наркотици. Министерката, исто така, соопшти дека се изречени и пет парични казни, пренесува БТА.

Во синоќешниот протест повредени се осум жандарми, а тројца од нив биле однесени во болница. Четворица демонстранти, исто така, биле повредени, од кои двајца биле однесени во болница, но за ниту еден од нив немало потреба од стационарно лекување.

Министерката Дан потврди дека тројца од приведените се членови на фудбалска навивачка група.

Во врска со размената на оперативни информации меѓу Романската служба за разузнавање и МВР, Дан изјави дека не добила информации за евентуални намерни провокации за време на протестот.

Кармен Дан изјави дека синоќа, за време на протестите, државниот секретар Виорел Штефу и началникот на полицијата Богдан Деспеску добиле СМС пораки од офицер од разузнавањето дека е можно на протестот да присуствуваат некои лица и активисти кои постојано учествуваат во вакви протести, како и некои членови на навивачки групи. Според неа, податоците од СМС пораките не сигнализирале ризик за нарушување на јавниот ред и намери за провокации.

Поврзани вести

Еквадорски медиуми казнети за необјавен компромити... Еквадорската владина комисија за медиуми, парично казни четири угледни весници и три домашни телевизиски станици, затоа што не објавиле компромитирачк...
Северна Кореја изврши големи артилериски вежби... Северна Кореја изврши денеска артилерска воена вежба по повод 85-годишнината на армијата, додека во Токио претставници на САД, Јужна Кореја и Јапонија...
Семејството на либискиот „бомбаш од Локерби“ покре... Семејството на Либиецот Абделбасет ал Меграхи, познат како „бомбашот од Локерби“ покрена постапка пред властите во Шкотска за поништување на неговата ...
Кампањата на Емануел Макрон – цел на напади ... Како и Хилари Клинтон, така и Емануел Макрон беше цел на хакерски напади кои доаѓале од Рускија, тврди Тренд микро компанија, специјализирана за безбе...
Габриел: Жал ми е ако израелскиот премиер одбие ср... Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел изјави дека ќе биде „благо кажано, забележително“, доколку израелскиот премиер Бенјамин Нета...
Советот на Европа ги повика САД да ја укинат смртн... Советот на Европа ги повика САД да ја укинат смртната казна по серијата егзекуции извршени во државата Арканзас. „ Ова е многу вознемирувачко и е с...