Лампард стави крај на професионалната кариерата

Лампард стави крај на професионалната кариерата

Легендарниот фудбалер на Челзи и англиски репрезентативец Френк Лампард, денеска изјави дека завршува со играчка кариера.

– Одбив голем број возбудливи понуди од дома и во странство и се одлучив да отворам ново поглавје во мојата кариера, напиша 38-годишниот Лампард на својата Фејсбук страница.

Лампард најголем дел од неговата кариера (2001-2014) поминал во Челзи и е најдобар стрелец во историјата на клубот со 211 голови. Кариерата ја почна во младинските школи на Вест Хем, играше и за Манчестер Сити и Њу Јорк.

Во својата кариера го освои Интертото купот со Вест Хем, има уште 13 трофеи со Челзи вклучувајќи ги тука и трите во Премиер Лигата, Лигата на шампионите и Лига Европа.

За англискиот национален тим одигра 106 натпревари и постигна 29 гола.

Поврзани вести

Аргентинските фудбалери против Боливија ќе користа... Аргентина гостува во Ла Паз каде што ќе игра квалификациски натпревар за Светското Првенство во 2018 година против Боливија. Ла Паз се наоѓа на 3.6...
Убедлива победа на македонските фудбалери против Б... Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во низа. По триумфот на гостувањето во Лихтенштајн во Мундијалските квалифик...
Продолжуваат јужноамериканските квалификации за СП... Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во Ла Паз, во кој селекцијата на Боливија ќе биде домаќин на Аргентина ќе биде отворено 14.коло во јужноамерикан...
Нова победа на младата македонска фудбалска репрез... Младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година ја победи Бугарија со 1:0. Во пријателски натпревар одигран попладнево на тренинг цент...
ФИФА го казни Меси со четири натпревари неиграње... Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси денеска е казнет од ФИФА со забрана за играње на четири натпревари од квалификациите за Светското првенство и парич...
Од Сити ќе заминат 18 играчи, Гвардиола со 350 мил... Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, во летниот преоден рок планира целосна реконструкција на тимот. Гвардиола во својата прва сезона не ги пос...