СДСМ: Kриминалната власт остава јавен долг над 50 проценти

СДСМ: Kриминалната власт остава јавен долг над 50 проценти

„Се потврди дека досегашната криминална власт остава во наследство на граѓаните и на Република Македонија јавен долг од над 50 проценти од БДП!

Тоа го покажуваат вчера објавените податоци од Извештајот на Министерството за финансии, за состојбата на јавниот долг заклучно со 31.12.2016 година.

Тоа значи дека министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, во изборната кампања ги лажел граѓаните дека јавниот долг е намален за 1.4 проценти!

Долгот е се уште на критичното ниво над 50 проценти, како што предупредија и меѓународните финансиски институции, кога изразија загриженост за темпото на задолжувања на државава.

Граѓаните се тие кои ќе ги враќаат огромните долгови во милијарди евра, со камати, што ги направи досегашната неодговорна власт и тие имаат право да знаат колкав е јавниот долг на државата.

Затоа е итно потребна нова Влада според мнозинската волја на граѓаните којашто ќе води реални одговорни политики и којашто посветено ќе работи на стабилизирање на нивото на јавниот долг.

Како што се обврзавме во Планот за живот, јавниот долг ќе мора да се објавува целосно и редовно без исклучоци и политички калкулации. Криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело.

Сите кои правеле злоупотреби на парите на граѓаните ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

КСС бара да почне да функционира Економско-социјал... Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара итно да почне да функционира Економско-социјалниот совет и тој да биде вклучен во договарањето околу ...
(ВИДЕО) БЕСА: СЈО до петок да ги процесуира случаи... „Како што секогаш сме го кренале гласот против неправдата и двојните стандарди што се случуваат во грб на албанците во Македонија, Движењето БЕСА и де...
(ВИДЕО) Треси: ДПА ќе ги поддржи сите иницијативи ... Денеска учествуваме во состанокот за да се информираме за тоа до каде се реформите за унапредување на правата на Албанците. ДПА, како опозициска парти...
Кузмановска: Зголемувањето на даноците крах за еко... ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно укажа дека зголемувањето на даноците од 10 на 18 проценти ќе доведе до крах на економскиот и финансискиот систем. Лилј...
(ВИДЕО) Со сила се урива објект за екс министер да... Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски сака бесправно да урне гаража, објект кој е изграден во 1963 година со цел екс заменик министерот...
Почнува исплатата на субвенциите за тутунот... Почнува исплатата на субвенциите за тутунот. Во Министерството за финансии се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра. ...