ВИДЕО: Холандско ТВ шоу на креативен начин му ја претстави својата земја на Доналд Трамп

ВИДЕО: Холандско ТВ шоу на креативен начин му ја претстави својата земја на Доналд Трамп

Телевизиското шоу Zondag Met Lubach, емитуваше лажно туристичко видео во кое што ја претставуваат Холандија на Доналд Трамп.

„Ова е порака од владата на Холандија.

Почитуван господин претседател. Добредојдовте во видеото со кое се претставува Холандија. Ќе биде одлично видео, навистина фантастично.

Нашиот основач е Вилијам од Оранџ кој се борел против шпанците.

Шпанците биле вистински ѓубриња, се бореле против нас 80 години, но не можеле да не победат. Не можеле. Целосни „лузери“. Сега си сите мртви.

Ние зборуваме Холандски. Тоа е најдобриот јазик во Европа. Ние ги имаме најдобрите зборови. Сите други јазици се пропаднати. Дански…катастрофа. Германскиот не е ни вистински јазик. Тој е лажен. Тоа е лажен јазик.

Ние го имаме паркот за понија Слагхарен. Тоа е најдобрите парк за понија во светот. Точно е. Тие се најдобрите понија, навистина. Можеш да ги јаваш, да излегуваш со нив, да ги фаќаш за понито, фантастично.

Ова е Афсладајк. Тоа е голем, голем ѕид што го изградивме да не заштити од целата вода во Мексико. Изградивме цел океан, во ред? Цел океан помеѓу нас и Мексико. Никој не прави океани подобро од нас. Океаното е толку голем што се гледа од Месечината. И го натеравме Мексико да плати. Навистина.

Вие имате Трамп Тауерс, ние го имаме Ли Тауерс. Тој би сакал да пее на Вашата инагурација. Прекрасен глас. Сите го сакаат.

Го имаме Мадуродам, што е најголемиот минијатурен град во светот. Одличен е. Мал е, но голем.

Плоштадите се толку мали, што не ви требаат многу луѓе за да ги наполните. Одлично е.

Ова е Гери Ајкхоф.

Во декември ја имаме оваа скандалозна традиција наречена Црн Петко. Тоа е најнавредливото, најрасистичкото нешто што го имате видео. Ќе ви се допадне, одлично е.

Исто така имаме и политичарка која што е инвалид за вие да се шегувате со неа. Нејзиното име е Јета Клајнсма. Таа е од Министерството за смешно одење. Одлично би ја имитирале. Едвај чекаме да видиме.

Луѓето ни кажуваат, важни луѓе, ни кажуваат дека го имаме најдобриот систем за избегнување даноци што Бог некогаш го направил. Неверојатно е. Треба да им кажете на вашите деца да ги префрлат сите ваши…извинете, НИВНИ бизниси тука. Нема да плаќате воопшто даноци. Нула! Смешно е.

И за крај, ние сме огромно, огромно, огромно зависни од САД. Неверојатно. Ако го зафркнеш НАТО, нашите проблеми ќе станат големи. Тие ќе бидат огромни. Навистина. Ве молиме немојте.

Навистина разбираме дека ќе биде Америка пред се. Но може ли да кажеме Холандија втора? ВО ред е? Ви благодариме за гледањето и ви посакуваме се најдобро.

Ние ги имаме најдобрите желби во Холандија, Тие се одлични, навистина“ вели комичарот кој што го имитира Доналд Трамп во видеото.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Бикини и снег: Околу 1.500 сноубордери и с... Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови и оскудна комбинации се собраа на рускиот регион на Кемерово каде уживаа во сноубординг. На познатиот ск...
Фен за коса против пребрзо возење... Жители од едно село во Шкотска каде автомобилите поминуваат со брзина од сто километри на час, се досетиле како да ги забават. Тие ја зедоа работат...
Хит во Русија: Пивска јога Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод - „пивска јога“. Имено, тие ...
Коментар на Фејсбук и го спаси животот... Лара Пит, водителка од Австралија, по породувањето, за необично кусо време повторно се појавила на малите екрани, па веднаш гледачите почнаа да комент...
Најудобната колекција софи во светот... Италијанската компанија „Едра“ ја претстави софата „Пак“. „Пак“ е огромна скулптурна софа што потсетува на лебдечки леден брег. Наслон...
Патувањето го стимулира мозокот: Ја враќа позитивн... Пристигна пролетта и вистинско време е да си дозволите себе си патување во некои до сега неистражени дестинации. Запознавањето нови предели не сам...