„Домина со боја на месо“ објавен на македонски

„Домина со боја на месо“ објавен на македонски

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави на македонски јазик бестселерот „Домина со боја на месо“ на летонскиот писател Зигмундс Скујинш, кој е објавен во 1999 година и продаден во седум милиони копии низ Европа.

– Станува збор за прекрасно напишан надреалистички роман со политичка алегорија. „Домина со боја на месо“ го транспортира читателот помеѓу благородништвото на осумнаесеттиот век и животот на нараторот во модерниот свет. Конекцијата помеѓу двете нарации станува јасна во хипнотичката фантазија на љубовта, страста и загубата, додека Скујинш создава дело со сублимирана уметност кое е забавно, возбудливо, поучно и филозофско, во иста мерка, соопшти издавачот.

Зигмундс Скујинш е еден од најпознатите летонски писатели од крајот на дваесеттиот век. Роден е во Рига во 1926. Неговите дела се преведени во повеќето земји во Европа, а дел од нив се адаптирани во филмови. Добитник е на голем број летонски и меѓународни литературни награди, вклучувајќи животен грант од Летонската државна фондација за културен капитал.

Поврзани вести

Погледнете го македонскиот хип хоп документарец „С... Деновиве на музичкиот сервис youtube.com официјално беше закачен македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка”, во реализација на неформалната о...
Стрип албум „Витези од соседството“ од Јордан Коце... Стрип албумот „Витези од соседството“ од Јордан Коцевски и Дарко Богданов во издание на „Стрип Квадрат“ ќе биде промовиран денеска во Скопје. Во ст...
Почнува зимскиот поетски фестивал на Струшки вечер... Зимски поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата од денеска до 1 март ќе се одржи во Скопје со акцент на поетите Ласе Содерберг од Шведска, Ха...
Самостојна изложба на македонскиот уметник Сали Ер... Изложба на цртежи на македонскиот уметник Сали Ертунч насловена „Политички коректни“ од денеска до 11 март ќе биде поставена во Галерија 7 во Скопје. ...
Претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“ преми... Претставата „Девојчето и дванаесетте месеци" во изведба на патувачкиот театар „Поклони се и падни" вечерва ќе биде премиерно изведена во Домот на култ...
Ретроспектива на филмови од ерменскиот режисер Хач... Со проекција на документарецот „Ќор-сокак“, во Кинотеката на Македонија од денеска до 2 март ќе се одржува ретроспектива на филмови од Харутјан Хачатр...