Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД

Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД

Директорот на американската Национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер го демантира новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека службата доставила до медиумите доверлив извештај со непотврдени информации за неговата поврзаност со Русија.

Клапер додаде дека истекувањето на податоците многу го вознемирило.

Тој посочи дека разговарал со Трамп за извештајот во кој се тврди дека Русија поседува компромитирачки лични и финансиски податоци за новоизбраниот претседател на САД.

Трамп ги обвини американските разузнавачки служби дека ги дале доверливите документи на медиумите.

– Истакнав дека таквиот документ не е производ на разузнавачката заедница на САД и оти не верувам дека информациите ги дал некој од заедницата, посочи Клепер.

Извештајот содржи недокажани информации од неименувани извори за соработка меѓу блиските соработници на Трамп и Русија за хакирањето на компјутерите на членови на Демократска партија, како и недокажани тврдења за необичните сексуални активности на новоизбраниот претседател на САД.

Поврзани вести

Катар воведува нови мерки за борба со тероризмот... Емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад ал Тани синоќа издаде указ со што се воведуваат промени во законот за борба со тероризмот, јави ДПА. Указот...
Северна Кореја ја преживува најтешката суша од 200... Северна Кореја ја преживува најтешката суша од 2001 година досега, која на земјоделските култури им нанела сериозни штети, пренесе ДПА, повикувајќи се...
Повеќе од 80 лица повредени во судир меѓу полиција... Во судир меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град на Мароко, Рабат повредени се најмалку 83 лица. Судирот се случил за време на протестот ...
Десетици илјади Полјаци протестираа против реорган... Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците на Варшава и другите полски градови на протести против спорните судски реформи на владејачката партија ...
Венецуелски дипломат во ОН поднесе оставка поради ... Дипломат на Венецуела во Обединети нации, Исајас Медина поднесе оставка поради несогласување со претседателот Николас Мадуро. - Не можам да бидам д...
Во три операции на германската царина конфискуванм... Германската царина конфискувала 3,8 тони кокаин во три операции во текот на годината. Дрогата пристигнувала во Хамбург во товарни контејнери од Јужна ...