Солени крофни

Солени крофни

Потребно е:
500 гр меко брашно
200 мл јогурт
1 јајце
1/2 кесичка прашок за пециво
1 кесичка сув квасец
150 мл млеко
1 лажиче сол

за филот:
крем сирење, некој вид кашкавал, шунка, колбаси, маслинки, …

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги сите состојки и замесете тесто. покријте го со крпа и оставете го на топло да нарасне.

– Нараснатото тесто со сукала тенко развлечете го на работна површина.

– На неколку сантиметри ставајте од филоти преклопете со тесто. Крофните извадете ги со модла или пак чаша. Внимавајте филот треба да остане во средината на крофната.

– Оставете ги крофните уште малку да стојат на топло за да нараснат.

– За тоа време загрејте масло во сад на рингла. Пржете ги крофните на загреано масло од секоја страна по неколку минути, односно додека да поруменат.

Поврзани вести

Растопена горгонзола со свеж целер... Растопена горгонзола со стапчиња свеж целер и неколку парчиња препечен леб. Еден од специјалитетите на Тоскана ... Потребно е: 1 лажица путер 100...
Раванија со маџун Домашниот гроздов маџун е природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови винова лоза од македонското поднебје. Содржи гроздов и ...
Здрави овесни колачиња со путер од кикирики... Брзи, едноставни и без печење ... Потребно е: 180 гр овесни снегулки 60 гр суво грозје 75 гр печени лешници 20 гр кокос прстофат сол 110 гр п...
Леб со брокула и мелени бадеми... Неверојатно вусен и здрав ... Потребно е: 1 средна брокула 100 гр мелени бадеми 4 јајца сол и бибер, по вкус 1 лажица суви зачински билки, ори...
Полнети лигњи Потребно е: 8 средно големи лигњи 2 главици кромид, ситно сецкани 2 домати 100 гр средина од леб 100 мл млеко или супа 6 чешниња лук, ситно сецк...
„Бургер Кинг“ ќе престане да купува месо од малтре... Синџирот на ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ соопшти дека ќе престане да купува пилешко месо од фарми каде се малтретираат животните. Компаниј...